Раководител на одделение за правни и општи работи, Сектор за општи и правни работи, финансиски прашања и локален економски развој

  • Објавен пред 3 недели
  • Општина Крива Паланка
  • Активен до 05.05.2021
  • Позиција: државни службеници

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки
  • најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон странките/засегнати страни
  • раководење и
  • финансиско управување

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • потврда за положен испит за административно управување
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време

  • Работни денови: понеделник - петок
  • Работни часови: 40 неделно
  • Работно време: од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 29.714,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.