Промовирани огласи »

KARIERA.mk на кариерниот ден организиран од АУЕ-ФОН унивезитет

Кариерниот ден на АУЕ-ФОН беше полн со енергија – погледнете дел од атмосферата!

KARIERA.mk на кариерниот ден на АУЕ-ФОН: Поврзување, можности и кафе со вкус на кариера! 

KARIERA.mk беше дел од кариерниот ден организиран од АУЕ-ФОН универзитет, каде што се сретнавме со голем број студенти и претставници од реномирани компании – вклучувајќи ја и нашата платформа како активен учесник.

Имавме можност да ги запознаеме студентите со МојаKARIERA картичката, да ги споделиме нејзините предности, и секако за секој студент следуваше МојаKARIERA PRO картичка  – и се дружевме со едно вистинско КАРИЕРА кафе.

Што добиваш ако ја активираш МојаKARIERA картичката?

Препорака кај компании (BASIC):

  • Твоето CV ќе биде директно препорачано до компании каде твојот профил одговара. Со одличната мрежа на партнери на KARIERA.mk, твојата потрага по идеалното работно место станува побрза и поефикасна.

Професионална проверка на CV (PRO):

  • Нашиот тим од професионалци секојдневно прегледува стотици биографии. Со картичката добиваш персонализирана анализа на твоето CV, со конкретни совети за подобрување и максимално претставување пред работодавците.

Погледнете дел од атмосферата – галерија со фотографии во продолжение!

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

KARIERA.mk на кариерниот ден организиран од South East European University

На нашиот штанд имавме можност не само да ги запознаеме студентите со МојаKARIERA картичката и сите нејзини придобивки, туку и да оствариме топла, пријателска дружба.

KARIERA.mk беше дел од Кариерниот ден организиран од SEEU, каде што учествуваа голем број реномирани компании меѓу кој зема учевство и KARIERA.mk, која е сè повеќе препознаена од младите и амбициозни луѓе што ја градат својата професионална иднина.

На нашиот штанд имавме можност не само да ги запознаеме студентите со МојаKARIERA картичката и сите нејзини придобивки, туку и да оствариме топла, пријателска дружба.
Сите посетители беа љубезно почестени со КАРИЕРА кафе, додека нашите претставници им објаснуваа како картичката функционира, како може да им помогне во процесот на вработување, и на кој начин можат побрзо и поефективно да се истакнат пред работодавачите

Што добивате ако ја активирате вашата МојаKARIERA картичка?

🔹 Препорака до компаниите! – BASIC

Вашето CV директно се препраќа до соодветни компании со кои KARIERA.mk има стабилна и партнерска соработка, со што значително се зголемуваат шансите да стигнете побрзо до вработување.

🔹 Професионална проверка на вашето CV – PRO

Нашиот искусен тим прави детална анализа и ви испраќа конкретни препораки за унапредување на вашето претставување пред работодавците – со цел да блеснете уште при првиот впечаток.

Дополнително, спроведовме и мини интервјуа со млади студенти, кои отворено ги споделија своите очекувања за првата работа, професионалните надежи и визијата за кариера. Нивните мислења се важен показател за насоката во која треба да се движи пазарот на трудот.

Погледнете дел од атмосферата – галеријата од слики е во прилог.

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Бевме на „speed-date“ - Поврзување на талентирани луѓе со можности за раст во кариерата

Учествувавме на настанот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“, каде што се поврзавме со амбициозни млади луѓе и ги разменивме искуствата за кариера и вработување.

Четвртокот (10.04.2025), тимот на KARIERA.mk со задоволство учествуваше на настанот организиран во рамки на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“, од страна на СОС Детско село. Настанот беше посветен на поврзување на младите со бизнис заедницата и отворање на простор за дијалог, совети и потенцијални можности за вработување.

Како платформа која секојдневно работи на олеснување на пристапот до пазарот на труд, ни беше особена чест што имавме можност да запознаеме многу млади, амбициозни и инспиративни луѓе, кои се подготвени да го направат својот следен чекор во професионалниот развој. Слушавме лични приказни, разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат младите при барање работа, и споделивме практични совети поврзани со подготовка за интервју, избор на кариера и напредување на работното место.

Особено сме благодарни што бевме дел од еден продуктивен ден исполнет со искрени разговори, размена на идеи и многу мотивација. Веруваме дека ваквите иницијативи имаат клучна улога во градењето на самодовербата кај младите и во нивната подготовка за пазарот на труд. Со нетрпение очекуваме нови средби и соработки кои го поддржуваат овој позитивен правец.

Тагови: настани нова работа СОС Детско село

Промовирани огласи »

KARIERA DAYS vol.2 - Најди го твојот правец во кариерата на 9 и 10 мај

Твојот следен кариерен чекор почнува на KARIERA DAYS!

Подготви се за дводневен настан што инспирира, поврзува и отвора врати кон нови можности! Оваа пролет, на 9 и 10 мај, KARIERA.mk и East Gate Mall повторно ги здружуваат силите за организирање на KARIERA DAYS vol.2 – уникатен настан посветен на сите што бараат нова професионална насока, поголема мотивација или само добра дружба.

По успешната прва година, ова издание доаѓа со уште побогата програма, нови активности и поиновативен пристап во поврзувањето на компаниите и потенцијалните кандидати. Деталите ќе ги споделиме наскоро, но веќе сега можеме да кажеме, можете да очекувате уште побогата програма, повеќе можности за разговор со можеби вашите идни работодавци, повеќе простор за забава и уште подобро искуство за сите учесници.

KARIERA DAYS е дводневен настан што отвора простор за вистински кариерни средби

Наменет е за сите – од студенти што се на почеток од својот професионален пат, до искусни кадри кои сакаат нова насока или подобра работна средина. Во рамките на настанот, посетителите имаат шанса директно да се запознаат со водечки компании, да дознаат за актуелни огласи и да воспостават прв контакт во пријатна, отворена атмосфера.

Ова не е класичен саем за вработување – туку нов начин на градење врски меѓу луѓето и компаниите, каде човечкиот контакт и искрената размена на информации се во центарот на вниманието.

А како ни беше минатата година?

Во текот на еден викенд, десетици компании и стотици посетители создадоа енергија која уште се памети – беа воспоставени нови контакти, се водеа инспиративни разговори и многумина го најдоа токму она што го бараа.

Погледнете како изгледаше KARIERA DAYS 2024:

KARIERA DAYS vol.2 - Најди го твојот правец во кариерата на 9 и 10 мај

Тагови: настани kariera days

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »