
Плата од 27.500 ден.
За компанијата: Свемек е производна компанија која се занимава со производство на машински делови, алат, како и услуги. Основната дејност на фирмата е глодање, стругање, сечење, дупчење на различни типови на материјали...
повеќе за компанијата »Должности и работни задачи:
Познавање/читање на работилнички цртеж за машински делови и следење на техничко пропратни инструкции и документација
Штелување и оперирање со CNC машина (глодалка или струг) за делови во сериско и поединечно производство според претходно изготвен NC програм. Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела и/или стегачки направи и позиционирање на координатниот почеток (нулирање) на парчето
Следење на процесот при работа со машината. Задавање на корекции на алатите. Контрола на деловите со мерна опрема и уредно водење на електронски записи и попратна документација за деловите.
Превентивно одржување и проверки на машините. Редовно одржување на чист, организиран и безбеден работен простор
Браварска работа на машински делови. Основно познавање на работа со рачен алат
Основно познавање на работа со универзални машини (дупчалка, струг или глодалка)
Квалификација (степен и вид на образование):
Средна стручна подготовка (во областа на машинството)
Што нудиме:
- Интерна и екстерна обука за работното место
- Работа во една смена
- Безбедна работна средина
- Колективен годишен одмор
- Прекувремена платена работа
- Бонуси за ненаправен шкарт
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој
- Почетна плата: + 28,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
- Кандидатите со минимално искуство во работата од 2 години ќе имаат предност пред останатите
Слични огласи »