Фирмата Алфатек Сервис и Услуги од Скопје има потреба од вработување на заварувачи и машинобравари, со или без работно искуство, за работа во индустриско – машинско одржување.
Работните обврски вклучуваат:
- Одржување на опрема и механизација во производствен погон,
- Реализирање на однапред дадени работни налози во договорена временска рамка со почитување на барањата за здравје и безбедност при работа,
- Справување со машински дефекти и превентивно одржување на опремата,
- Заварување со кислород и ацетилен на различни делови и конструктивни елементи, како и санација на оштетени метални конструкции,
Плата по договор согласно квалификациите на кандидатот.
Работно време 8:00 – 16:00 од понеделник до петок. Секоја прекувремена работа се плаќа соодветно.
Сите заинтересирани да се јават на телефонскиот број 02/ 55 12 991 или 071 37 68 28