Специјалист за контролинг и известување

За компанијата: Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ:

Референт за изработка и наплата на фактури

Ист Гејт Мол, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.

Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

Поради проширување и зајакнување на одделот за финансии, во потрага сме по:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОНТРОЛИНГ И ИЗВЕСТУВАЊЕ

Одговорности и работни задачи:

  • Воспоставува и одржува системи и контроли за да се потврди интегритетот на сите финансиски системи, процеси и податоци. Овие системи треба да обезбедат планирање на профитот, прогнози за приходи од кирии и услуги, буџети за расходи, капитални и останати потреби, стандарди за трошоци и неопходни процедури за ефективен план
  • Обезбедува сметководствените документи да се усогласат со сите прописи, политики, работни процедури и упатства
  • Месечно ја прегледува главната книга за да ја потврди точноста на сметководствените записи
  • Преглед на финансиските извештаи за да се обезбеди точност на сметководствената евиденција
  • Спроведување ревизии и усогласување на сметките за да се осигура дека сите трансакции се точно евидентирани
  • Надгледување и контрола на користењето на капекс сметките
  • Ги контролира планираните плаќања и го следи готовинскиот тек
  • Спроведување на ревизии за да се осигура дека сметководствената евиденција точно ги одразува финансиските трансакции
  • Контрола на побарувањата со следење на процесот на наплата на деликвентни клиенти
  • Да се координира со внатрешните и надворешните ревизори за да се обезбеди усогласеност со прописите
  • Обезбедува точна и навремена дисеминација на финансиските информации и информациите за успешноста, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на внатрешни и надворешни месечни и квартални перформанси и финансиски извештаи, како и тековни прогнози на годишните буџети
  • Координира проекти од висок профил, вклучувајќи сложено финансиско моделирање, финансирање на развојни проекти и комуникација со сопствениците
  • Врши усогласеност со извештаите на банките, вклучително и следење и прогнозирање на усогласеноста со соодветните договори за заем
  • Подготвува извештаи за менаџментот во врска со финансиската состојба на компанијата и идентификување на прашања кои може да бараат внимание.

Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Висока стручна подготовка од областа на економските науки
  • Минимум 5 годишно работно искуство на иста или слична работа позиција
  • Искуство во управувачко сметководство
  • Напредно познавање на Microsoft Office пакет, програми за сметководствено работење, Power BI
  • Активно познавање на MSS & MSFI сметководствени стандарди
  • Сертификат за овластен сметководител ќе се смета за предност
  • Професионална сертификација CA, CFA, CMA или СPA ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Изразени аналитички способности
  • Способност за решавање на проблеми и одлучување

Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 15.10.2024.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »