Double Tree by Hilton Skopje

ЕМБС: 6007775
Индустрија: Туризам и угостителство
Адреса: Бул. Асном 17
Град: Скопје
Facebook: hiltonskopje
Основана во 2018
На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички и историски знаменитости, се на 10 минути возење додека меѓународниот аеродром во Скопје е оддалечен само 20 минути. Нашиот хотел во Скопје нуди флексибилен функционален простор 22.000 квадратни метри, вклучувајќи елегантна балска сала со природно светло, простории за состаноци и сала за состаноци.
Хотелот располага со 170 соби за гости и 7 сали за состаноци. Нашата понуда е дизајнирана на начин да го направи вашиот престој поудобен: бесплатен Wi-Fi, ресторан, бесплатен паркинг, внатрешен базен, фитнес центар, услуга достапна во вашата соба, 12 сали за состаноци.
Стилско уредениот кафе бар нуди вкусен избор на лесни јадења, закуски и широк избор на коктели и алкохолни пијалоци. Тоа е совршено место за уживање во вашите десерти со кафе и чај во релаксирачка атмосфера покрај каминот во нашиот Лоби бар и слаткарница додека пак нашиот ресторан Монте Ви нуди уживање во интернационална и локална кујна за појадок, ручек и вечера или пак искористете ја можноста да уживате во вашиот омилен пијалок на терасата со поглед на реката Вардар.
Сместен на најгорниот кат, Roof Bar No: 55, е надополнет со погледот кон реката Вардар, каде што можете да се разладите со вино или коктел во затворениот дел или пак на тересата од барот.



барај огласи за вработување » барај останати огласи »