Машински/Електроинженер на раководна позиција - Битола

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

Цермат ДОО – е современа европска компанија која ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. Компанија која е лидер меѓу производителите на сладолед и замрзнати производи во регионот,  со над 250 вработени, со седиште во Битола, поради зголемен обем на работа, има потреба од вработување на високомотивирани личности кои одговараат на описот за следната работна позиција:

МАШИНСКИ/ ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР на раководна позиција:

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование – Машински или Електро Инженер / Технички факултет;
  • Одлично познавање на работа со компјутер ( AutoCAD, MS Office);
  • Одлично познавање и активно користење на англискиот јазик (пишување и говорење);
  • Работно искуство на иста или слична позиција;

Лични вештини и карактеристики:

  • Развиени комуникациски и организациони вештини;
  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Професионален и позитивен однос. 

Ваши задачи за позиција машински/ електро инженер:

  • Надзор над машините и опремата според процедурите и стандардите воспоставени во компанијата;
  • Изработка на технички решенија и нивни проекти за изведба;
  • Воспоставување контакти со тековни и потенцијални соработници во земјата и странство
  • Останати обврски по налог на претпоставено лице од делокругот на работење.

Заинтересираните кандидати да достават CV со слика на Македонски Јазик, на e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака: Апликација за Машински/ Електро Инженер за одржување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »