Асистенти за корисничка поддршка

Знаења и потребни вештини:

  • Истаканати комуникативни вештини и емоционална интелигенција
  • Познавање на деловното работење на една компанија од аспект на книговодство (финансово, материјално, малопродажба, плати, изготвување анализи и комерцијални извештаи)
  • Позитивен, неконфликтен пристап во контакт со комитентите и изразена особина за проценка на нивното задоволство
  • Позитивно истакната особина за добро изразување и составување дописи со недвосмислена и прецизно формулирана содржина
  • Иницијативност и спремност за помош во решавање на различни прашања од корисничка природа при користење на софтверските апликации
  • Познавање на Office (Word, Excel, Outlook, P. Point)

Позитивно ќе биде оценето познавање на англиски јазик

Клучни задачи и одговорности:

  • Консултативна поддршка по телефон, e-mail, Тикет или корисничка обука и повремено изготвување документација во врска со користење на апликативниот софтвер
  • Тековна деловна комуникација, координација и известувања на комитенти од информативен или анкетен карактер
  • Повремено учество на вебинари и изготвување на текстуални едукативни материјали и видео содржини

Предност ќе имаат кандидатите со претходно познавање на HELIX ERP Системот изработен од ЗОНЕЛ Софтвер

При аплицирање во предмет на порака внесете: За Вработување

Вашето CV испратете го на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Краен рок за пријавување: 31.03.2024

ZONEL Software
Програми за книговодствено, материјално и комерцијално работење
2401-204, 2402-274
[најави се за да го видиш е-маилот]
www.zonel.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »