Пракиткант за Секторот големопродажба

За компанијата: B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија. повеќе за компанијата »

Активни огласи од b watch 1920:

Асистент за продажба Скопје

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот со практикант во секторот големопродажба Скопје.

Пракиткант за Секторот големопродажба во b watch 1920.

Краток опис на работните задачи и одговорности:

  • Изработка на каталози за понуди до партнерската соработничка мрежа на b watch 1920;
  • Реализација на планираните неделни обврски и известување на раководителот на секторот за извршувањето на задачите;
  • Комуникација со моментални и потенцијални бизнис партнери на b watch 1920 преку платформите за комуникација;
  • Водење евиденција за испорачани количини на прозиводи;
  • Изработка на сите потребни документи за испорака на роба од магицините на b watch 1920 (фактури, про-фактури).

Потребни квалификации:

  • Образование: ССС / ВСС;
  • Познавање на Officе, со акцент на Excel и PowerPoint ;
  • Позитивен однос и убедливост во комуникацијата;
  • Ориентираност кон потреби на деловни клиенти на b watch 1920;
  • Доверливост и трудољубивост;
  • Мотивација за работа во тим и навремено извршување на задачите;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Познавањето на Adobe Photoshop или други алатки за дизајн ќе се смета за предност. 

После праксата кандидатот има можност за вработување како администратор во Секторот големопродажба во b watch 1920. 

Потребна документација:

  • CV не постаро од 6 месеци
  • Пријавено образование во агенција за вработување

Вие добивате:

  • Мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво ниво
  • Можност за работа со докажан тим за продажба и уникатна шанса за унапредување на знаењето во областа на продажба
  • Пронаоѓање, запознавање, градење успех. Ако тоа си ти, пријави се денес.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

Ве покануваме доколку имате интереси и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата  и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 10.04.2024  год.  на  [најави се за да го видиш е-маилот]  или [најави се за да го видиш е-маилот]  

                                                                                                                                                        Ве очекуваме,

                                                                                                                                                     Тимот на b watch 1920

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »