Правник - Овластено лице за спречување перење на пари и финансирање на тероризам

За компанијата: Друштво за осигурување. Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата... повеќе за компанијата »

 

                    Друштвото за осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје има потреба од Правник за работна позиција Овластено лице за спречување перење пари и финансирање на тероризам .

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • спроведувањето на мерките и дејствијата за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам согласно со наведениот закон,
  • воспоставување директна комуникација со органите на управување на субјектот
  • пријавување на сомнителни трансакции до УО на Друштвото
  • пријавување на сите договори за осигурување
  • спроведување на програмата за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам
  • изготвување на редовни извештаи од областа за спречување на перење пари и финансирање тероризам

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • неосуденост за кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривични дела против службената должност, кривични дела против јавниот ред и кривични дела против човечноста и меѓународното право и други
  • високо образование од правните науки
  • одлично познавање на англиски јазик
  • организациски вештини и тимска работа

 

Сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 07.04.2024 година.

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме и обработуваме Вашите лични  податоци согласно нашите идни потреби во согласност соодредбите на Законот за лични податоци.

Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат барањата нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »