Менаџер за операции

"За бизниси и претприемачи во потрага по иновативни печатени и промотивни производи."
Лоцирана во Скопје - Македонија, Новатон е компанија специјализирана за посредување при ПЕЧАТЕЊЕ и изработка на ПРОМОТИВНИ производи, со јасна зацртана цел: да Ве спои со најдобриот, најбрзиот и најевтиниот производител за реализација на Вашите печатени и промотивни производи. Нашиот ангажман вклучува барање соодветни понуди, прецизирање и изработка на финален производ врз основа на дефинирани спецификации, количина, таргет цена и рок на испорака. Целокупниот процес на производство и самата испорака се под активен надзор на нашата компанија.
Користејќи услуги на добавувачи од цела Југо-Источна Европа, Новатон извезува 80% од печатените производи на пазарите во Австрија, Словенија, Франција, Холандија, Шведска, Финска, Данска, Норвешка и Англија.

Oбјавува оглас за вработување на:

МЕНАЏЕР ЗА ОПЕРАЦИИ

Потребни квалификации:

  • Завршено релевантно средно или високо образование (Машински факултет – ИИМ ќе се смета за предност);
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција во во маркетинг агенција или графичка индустрија, која вклучува следење, организирање и координирање на процесот од нарачка преку производство до испорака на печатени или промотивни материјали, ќе се смета за предност;
  • Подготвеност за дневна координација, следливост и унапредување на оперативните активности;
  • Одлично познавање и напредно работење со апликациите од MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски јазик (познавање на друг странски јазик, ќе се смета за предност);
  • Одлични комуникациски, презентациски и аналитички способности;
  • Способност за работа во динамично работно опкружување, кое вклучува и патувања локално и регионално ниво;
  • Возачка дозвола Б категорија;

Одговорности и задачи:

  • Секојдневна комуникација со клиенти и добавувачи, во насока на изработка на понуди за печатени или промотивни производи, базирани на барањата на клиентите и оптимизирани кон производствените капацитети /можностите на добавувачите;
  • Координирање на активностите врзани за секоја одделна нарачка за печатени или промотивни производи: комуникација со клиенти, добавувачи, транспортни компании и координација за навремена испорака на производите за локални клиенти и клиенти во ЕУ;
  • Обезбедување на високо ниво на квалитет на производите, односно повремено следење на производството за секој нарачан производ;
  • Администрирање и евиденција на оперативна документација поврзана со производните процеси (работни налози, влезно/излезни фактури и декларации);

Бенефити:

  • Сопствена канцеларија;
  • Флексибилно работно време;
  • Одлична можност за унапредување, личен и кариерен развој поради тоа што се работи со странски клиенти;
  • Покрај редовна плата можност за исплата на бонуси зависно од годишната продажба и профит.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават кратка биографија (CV), најдоцна до 10.04.2024 година на:

[најави се за да го видиш е-маилот]

www.novatonegroup.com

Новатон ДООЕЛ Скопје - Ул. Козара 68, локал 15/16 - 1000 Скопје

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »