Комерцијалист за продажба

За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје:

Раководител на продажба и маркетинг

ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас CО2 .Во рамките на нашето ширење и развој, бараме мотивиран и целенасочен комерцијалист чија главна задача ќе биде пронаоѓање и аквизација на нови клиенти.За таа цел , објавува оглас за следнава работна позиција: 

Комерцијалист (Продажба)

Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност, професионален раст и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.   

Потребни квалификации:

  • Диплома од соодветен факултет или високо образование во областа на економија, маркетинг, бизнис администрација или  квалификации во области како инжењерство, хемија или други технички науки 
  • Искуство во продажба или маркетинг, посебно во индустрии кои користат CO2, како на пример прехрамбена, медицинска или индустрија за пијалоци и индустрија за  гасови..
  • Задолжително добро познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност),
  • Познавање на ексел, високо ниво
  • Пишување и одговарање на меилови, високо ниво
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации,
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач)

Работни обврски:​

  • Секојдневна комуникација со клиенти (купувачи), онлајн преку различни медиуми
  • Планирање и организирање на продажни активности,
  • Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата,
  • Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти,
  • Прием на нарачки и следење на реализацијата на нарачката,
  • Способност за самостојно работење и како дел од тим.
  • Изработка на потребна документација.
  • Поднесување документи до државни институции,
  • Способност за одговорно и ефикасно извршување на задачите.
  • Етика и интегритет во работата.

Вештини и способности:

  • Одлични комуникациски вештини, како писмено, така и усно.
  • Способност за изградба на доверба и однос со клиентите
  • Способност за преговарање на цени, услови и други аспекти на договорите со клиентите.
  • Добро разбирање на процесите за производство и употреба на CO2
  • Способност за анализа на пазарните потреби и конкуренцијата во областа на продажбата на CO2.
  • Разбирање на техничките аспекти на CO2 и неговата употреба, вклучувајќи ги безбедноста и регулативните аспекти.
  • Добра организациска способност за планирање на работата и управување со времето.
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати
  • Позитивен став, лојалност, транспарентност, и темелност
  • Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Динамичност, иницијативност и насоченост кон резултати,

Компанијата нуди:

  • Атрактивни редовни месечни примања и додатоци на плата согласно важечки законски прописи во државата( висината на плата ќе зависи од предходното стекнато искуство во работа од областа во продажни системи)
  • Разновидна, интересна и динамична работа,
  • Можност за надоградба на професионален план,
  • Одлични услови за работа во тим.
  • Можност за соработка со европски и  интернационални клиенти и соработници
  • Работен однос на определено работно време по договор, од 1 до 3 месеци ( период на докажување на способности) со можност за продолжување.

Сите апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Испратете го Ваашето (CV) кратка биографија на:  hr@geogas.mk

Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.

Напомена: Доколку не сте согласни со тоа, можете да ја повлечете во секое време согласноста за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »