Референт за грижа за корисници

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

РЕФЕРЕНТ ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ

Одговорности и работни задачи:

  • Администрација и одговарање на повици на клиенти, одговарање на барања, давање на информации, решавање на проблеми
  • Прима дојдовни повици од потрошувачи
  • Остварува појдовни повици кон потрошувачите
  • Води евиденција и подготвува извештаи за остварените повици во системот на Друштвото
  • Комуницира на социјалните мрежи, одговара на мејлови, контактира незадоволни купувачи, за соодветен одговор на прашања/поплаки/пофалби поставени на социјални мрежи, комуницира со соодветните служби од компанијата, собира информации и истите ги проследува 
  • Спроведува анкети согласно потребите од деловното работење 
  • Придонесува за успешно реализирање на продажбата и услугите на компанијата
  • Администрира интернет нарачки и друга документација поврзана со нарачки за производи

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС
  • 2 години искуство во грижа за корисници или call центар
  • Одлично познавање на англиски јазик (уснa и писменa комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)
  • Способност за справување со тешки купувачи и справување со конфликтни ситуации
  • Високо ниво на одговорност, педантност, точност и квалитетно извршување на работните задачи
  • Високо развиени комуникациски способности, ориентираност кон клиенти, решавање проблеми

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба

Доколку сакате да станете дел од амбициозен, професионален тим, кој се стреми да го одржи високото ниво на клиентско задоволство, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле.

Рокот за аплицирање е до: 07.04.2024

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »