Техничко лице за одржување во процесот на производство

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

Цермат ДОО – е современа европска компанија која ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. Компанија која е лидер меѓу производителите на сладолед и замрзнати производи во регионот,  со над 250 вработени, со седиште во Битола, поради зголемен обем на работа, има потреба од вработување на високомотивирани личности кои одговараат на описот за следната работна позиција:

ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ ОД МАШИНСКА/ ЕЛЕКТРО ОБЛАСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО ПРОИЗВОДСТВО  :

Потребни квалификации:

  • ССС  – машинска или електро насока;
  • Работно искуство во соодветната област

Ваши задачи за позицијата техничко лице за одржување во производство:

  • Работа во тим со цел извршување на ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата, како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност;
  • Грижа и контрола на исправноста на опремата и нејзина коректна работа за време на производствениот процес;
  • Грижа за навремено отстранување на сите дефекти;
  • Превземање на превентивни мерки за навремено спречување на поголеми дефекти.

Нашата компанија придава голема важност на цврстата волја и определеноста кон носење резултати, но секако и кон развој на сопствениот кадар преку перманентно учење и сопствен личен развој. 

Позицијата нуди можност за понатамошен Ваш личен и професионален развој во позитивна и динамична работна околина.

Доколку сте заинтересирани за оваа работна позиција потребно е да доставите CV со слика на Македонски Јазик, на e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака: Апликација за Техничко лице за одржување во процесот на производство.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »