Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука  информира дека наставата од деновите на гласањето за изборите, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември 2023 за учениците од Скопје, кога беше организиран Самитот на ОБСЕ, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

МОН во допис до медиумите попладнево соопшти дека учебната година нема да биде продолжена и ќе заврши согласно календарот за настава, но во денови од работната недела учениците ќе престојуваат подолго за да го надоместат пропуштеното. За организирањето се задолжени директорите на училиштата. 

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН. 

Министерство за образование и наука потсетува дека наставната година за учениците од средните училишта ќе трае до 10 јуни, а за учениците од основните училишта до 17 јуни.

Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја, наведува МОН.

Училиштата нема да работат утре и на 8 мај, а во оние каде што ќе се спроведува гласањето, поради подготовките денеска работеа со скратени часови. 

Промовирани огласи »

Минималната синдикална кошница за април изнесува 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 75.587 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 22.200 денари или 36,9 отсто, за облека и обувки 4.866 денари, односно 8,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.014 денари или 10 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.827 денари или 3 отсто, за здравје 1.059 денари или 1,8 отсто, за транспорт 5.068 денари, односно 8,4 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство во април годинава му биле неопходни 3.004 денари, односно 5 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.378 денари или 7,3 отсто, за образование 6.955 денари или 11,6 отсто, за ресторани и хотели 3.890 денари или 6,5 отсто, а за останати стоки и услуги 950 денари, односно 1,6 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 15.375 денари. 

Промовирани огласи »

Следејќи ги светските трендови во високото образование а со цел да се прилагоди на интересот, потребите и барањата на студентите потшишан е меморандум за соработка помеѓу Универзитет СКОПЈЕ познат на јавноста во минатото како Факултет за туризам и менаџмент и KARIERA.mk

Меморандумот беше потпишан од страна на ректорот проф. д-р Аце Миленковски и генаралниот директор на KARIERA.mk Зорица Бужаровска Бошковска.

Предмет на овој Меморандум за соработка е долгорочна научна и информативна соработка помеѓу договорните страни

Двете договорни страни се согласни дека постои взаемен интерес за остварување на долгорочна соработка.

Формата на долгорочната соработка ќе се остварува на еден од следните начини:

  • Презентација на платформата пред студентите од прв и втор циклус на студии, од страна на претставник на KARIERA.mk еднаш или повеќепати годишно
  • Заеднички проекти од информативен, развоен и научен карактер преку оджување на работилници, саеми и предавања на вашиот факултет
  • Бесплатна активација на МојаКАРИЕРА картичката за студенти кои се заинтересирани со бенефиции кои се корисни за секој студент
  • Соработка во едукативни процеси преку информирање на студентите за нови огласи за работа и пракса во компаниите кои имаат активни огласи на KARIERA.mk, еднаш месечно преку електронска пошта
  • Техничка помош на студентите при процесот на барање нработа преку кратки обуки за креирање на СѴ и мотивациско писмо во однапред договорени со датум и време со факултетот

Тимот на KARIERA.mk се радува на секоја нова соработка, особено на соработките со универзитетите кои се глас на иднината. Во наредниот период ќе следи и објава на конкретните датуми за заедничките настани и активности кои ги припремаме во нареднте месеци. Младите луѓе заслужуваат поддршка и директна инклузија и веруваме дека студентите ќе ги најдат своите кариерни можности за развој токму на нашиот сервис!

Промовирани огласи »

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на техничката влада , 24 април (среда) и 8 мај (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори  ќе  контролира дали Заклучокот на техничката влада се почитува  од страна на работодавачите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »