Економско правен консалтинг ФВ успешно функционира веќе 33 години и е меѓу водечките од областа на економскиот и правниот консалтинг во Република Македонија. Издаваме месечни стручни изданија на кои клиентите годишно се претплаќаат и стручни книги од областа на економијата и правото. Задоволството на клиентите е изразено преку нивниот растечки број од година в година, што бара отворање на нови работни места во нашиот стручен тим.
Економско правен консалтинг ФВ, има потреба од следнава работна позиција:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ И СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Работно искуство најмалку 3 години во областа на сметководството;
- Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft office и internet);
- Познавање на англиски јазик;
- Водење на портфолио на купувачи;
- Изготвување на фактури;
- Ажурирање на сметководствена база на податоци;
- Обработка, контрола и внесување на сите документи поврзани со финансиите;
- Наплата на побарувањата од купувачите и ажурирање на нивните податоци;
- Подготовка на извештаи поврзани со купувачите;
- Водење евиденција за трошоци;
- Вршење контрола и финансиската евиденција;
- Извршување други сродни задачи;
- Изготвување на годишна сметка.
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил, да аплицирате
на [најави се за да го видиш е-маилот] со напомена, ПРИЈАВА ЗА ОГЛАС.