За компанијата: Друштво за змејоделство, производство, трговија и услуги БИСТРЕН ДООЕЛ с. Љуботен Штип
повеќе за компанијата »- Објавен пред 2 недели
- БИСТРЕН ДООЕЛ
- Активен до 04.05.2024
- Позиција: Возач/Управувач
- Локација: Штип
Друштвото за земјоделство, производство, трговија и услуги БИСТРЕН ДООЕЛ с. Љуботен Штип е млада и перспективна компанија со амбиција да биде лидер и пионер во модерно и еколошко земјоделско производство на овие простори, притоа користејќи најсовремена технологија и механизација.
Со цел проширување на својот тим, за потребите на работниот процес, БИСТРЕН ДООЕЛ објавува оглас за:
Управувач со градежни машини
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Доследно го применува упатството за ракување со машината
- Ги извршува сите работи предвидени за соодветната машина и се грижи за редовното работење и функционирање на истата
- Секојдневна проверка и контрола на исправноста на машината
- Врши евиденција на дневен учинок, потрошок на гориво
- Ги применува и употребува предвидените заштитни средства и мерки при работа и движење на возилото за лична сигурност и сигурност на другите
- Благовремено го известува надредениот за настанати промени и дефекти во работата на возилото со кое е задолжен
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Претходно работно искуство
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Способност за координација и работење со рокови
- Висока работна етика
Очекуваме добри комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност.
Во Бистрен ДООЕЛ Ве очекува млад и динамичен тим за соработка во компанија со голема перспектива и атрактивни приходи.
Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација.
* Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои што ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани.
* Сите пристигнати апликации ќе се третираат со целосна доверливост.