Раководител на продажба и маркетинг

За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »

ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас СО2, кој се користи во различни индустрии како што се прехрамбената индустрија, индустрија за пијалоци, преработка на метали и други..Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција:

 

                                     Раководител на продажба и маркетинг

 

Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност, професионален раст и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување. 

  

Потребни квалификации:

  • диплома во областа на маркетинг, бизнис управување, економија, хемија, техничка или друга сродна област;
  • работно искуство во продажба и маркетинг, посебно во индустријата за производство на гасови или слични индустрии ќе се смета за предност,
  • задолжително добро познавање на англиски јазик;
  • познавање на ексел, високо ниво;
  • пишување и одговарање на меилови, високо ниво;
  • одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации;
  • поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач).

Работни обврски:

  • развивање и спроведување на стратегии за продажба и маркетинг за да се зголеми продажбата;
  • идентификување на нови пазарни можности и и развивање на стратегии за нивно искористување;
  • стекнување на нови клиенти и развивање на односи со нив, како и поддршка на постоечките клиенти;
  • одгворен за следење и подготовка на потребна документација за тендери и јавни огласи;
  • координирање на маркетинг кампањи и настани за да се зголеми интересот и подобри познавањето на  нашите производи;
  • управување со тимот за продажба и маркетинг, вклучувајќи ги нивното мотивирање, обука и развој;
  • соработка со одделите за производство, техничка поддршка и логистика со цел  обезбедување на целосно задоволство на клиентите и поддршка на нивните потреби;
  • одговорен за развивање и одржување на односи со, соработници, деловни партнери  и државни институции;
  • одговорен за прием и следење на реализација на нарачка;
  • одговорен за подготовка на договори со клиенти и деловни соработници;

Вештини и способности:

  • добри организациски и аналитички вештин и способност за донесување на стратегиски одлуки;
  • професионалност и организираност;
  • позитивен пристап кон клиентите, колегите и решавање на работни предизвици;
  • способност за јасна и ефективна комуникациј со клиенти и работа под притисок;
  • одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини;
  • позитивен став, лојалност, транспарентност, и темелност;
  • ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
  • одговорност, динамичност, иницијативност и насоченост кон резултати;
  • способност за тимско работење и лидерски способности;
  • планирање и управување со активности на социјални мрежи;

Компанијата нуди:

  • атрактивни редовни месечни примања;
  • пријатна работна атмосфера во стабилна и успешна компанија.
  • позитивна разновидна и динамична работна средина;,
  • можност за градење на успешна кариера;,
  • можност за соработка со европски и  интернационални клиенти и соработници.

 

Ве Заинтересиравме?

Тогаш Ве молиме испратете го Вашето (CV) кратка биографија на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Би било одлично ако можете во Вашата апликација да ја дозавршите следнава реченица:

Поради моите квалификации и знаење, моите очекувања за плата се  ХХ ХХХ МКД годишно. 

Сите апликации кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.

Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста  за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »