Промовирани огласи »

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе. 6.166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7.115 денари. 8.233 денари сега ќе се плаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7.134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9.820, а досега чинеше 8.510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11.878 денари.

За возилата до 44 киловати цените на полисите за автоодговорност остануваат исти.

Со ваквите промени на цените се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност. 30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена. Истото важи и за доплатоците за рент а кар возила, за возила кои имаат над 5 седишта, возила кои се товарни, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата.

Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Во информацијата било наведено дека новите цени треба да се применуваат од четврток, случајно или не, ден после изборите.

Од Осигурителните компании велат дека зголемувањето на цената е оправдана, со оглед дека цената на авто деловите е поскапена. Но нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени.

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со гордост најавува уште една ексклузивна работилница на 21.05.2024 која ќе отвори и разреши многу прашања околу мега популарната тема - SEO (search engine optimization). 

Купете EARLY BIRD влезница ТУКА.

Предавач на работилницата е Evgeni Yordanov SEO Expert со огромно искуство на темата, кој со многу ентузијазам ќе проба да ги доближи најдобрите практики и до македонската публика!

Со речиси 20 години професионално искуство, Евгени е главен говорник на многу меѓународни настани. Добитник на European Search Awards, тој е сертифициран content marketing professional од Northwestern University’s Medill School of Journalism, кој моментално е во процес на стекнување докторат. 

Евгени има работено на различни високи менаџерски позиции во неколку B2B старт-ап и агенции помагајќи им на брендовите ширум светот како што се Hilton Hotels & Resorts, Bayer, ORIFLAME, BNP Paribas, Jaguar, Efbet, MrBricolage, Foodpanda, John Deere итн. еден од двигателите што ги развива и негува младите претприемачи на Балканот со неговата менторска работа со StartUP Foundation и на настани како што се StartUp Weekend и Rockstart Answers. Тој е професор на DigitalPro, SerpAcad и International Business School. 

Оваа работилница е дизајнирана да им обезбеди на учесниците длабоко разбирање на принципите, стратегиите и најдобрите практики за оптимизација на пребарувачи (SEO). Учесниците ќе научат како да ги оптимизираат своите веб-страници за да ја зголемат видливоста, да го поттикнат органскиот сообраќај и да го подобрат рангирањето на нивните сајтови.

Ги покануваме сите дигитални маркетери, претприемачи и SEO ентузијасти да се здружат и да ги истражат најновите трендови од светот и да научат нови техники за подобро позиционирање на вашите е-продавници и воопшто веб-страници!

Early Bird влезниците веќе во продажба до 15.05.2024!

Повеќе информации на 077 888 722. За влезници на фактура слободно контактирајте не на [email protected]

Се гледаме на 21-ви мај!

Промовирани огласи »

Генерацијата Z често има различни перспективи и пристап кон вработувањето во споредба со постарите генерации. Некои од нив можат да пристапат до работата преку својот карактер и личност, вместо преку традиционалните параметри како работно искуство или вештини.

Според најмладата генерација на пазарот на трудот, нивниот хумор и духовитост обезбедуваат одредена вибрација на постарите вработени кои очигледно им недостигаат.

Генерацијата Z може да има силно развиени лични вредности и убедувања, и може да бараат работодавци кои ги споделуваат и поддржуваат тие вредности. Затоа, за нив може да биде важно да се вработат во компании или организации кои ги одразуваат нивните вредности.

За генерацијата Z, културата на работното место може да биде многу важна. Тие може да бараат работни места каде што се цени креативноста, иновациите, тимската работа и вклученоста. За разлика од постарите генерации, кои често бараат стабилност и сигурност во работата, генерацијата Z може да бара повеќе флексибилност и можност за работа на сопствени услови. Тие може да пристапат до работата со желба за флексибилно работно време, работа од дома или други форми на работа кои ги задоволуваат нивните потреби и предмети.

Во секој случај, работодавците треба да се адаптираат кон потребите и очекувањата на генерацијата Z за да ги привлечат и задржат најдобрите таленти од оваа генерација.

Промовирани огласи »

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 30 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. 

Како компанија која се стреми кон усовршување на своите услуги и цели кон усовршување на истите, чест ни е да најавиме уште едно отварање на нов Tinex маркет во населба Илинден.

Доколку сакате да станете дел од тимот на Tinex ве покануваме да аплицирате на следниве работни позиции:

КАСИЕР/КА
ПРОДАВАЧ/КА НА СВЕЖО МЕСО
ПРОДАВАЧ/КА НА ГОТВЕНИ ЈАДЕЊА
ПРОДАВАЧ/КА НА ДЕЛИКАТЕС
МАГАЦИОНЕР

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »