Промовирани огласи »

KARIERA.mk изминатиот викенд честеше кафе во градскиот парк во близина на школка, каде што многу од посетителите се запознаа со најновите продукти на KARIERA.mk, а воедно и MojaKARIERA картичката која нуди многу поволности за вработување. Поради голема зинтересираност ве покануваме на уште една кафе дружба во градскиот парк на 18.05.2024 (сабота) во период од 11:00 до 13:00 часот позади школка.

На нашиот штанд исто така можеше да се информирате за нашите настани кои се одржуваат на 21.05.2024 и 22.05.2024 година.

How to get to #1 on Google search with SEO кој се одржува во хотелот Holiday Inn Skopje на 21.05.2024 год. и Winning the War of Talents: How to Stand out as an Employer кој ќе се одржи во Marriott Hotel, Skopje на 22.05.2024 год.

Доколку сте заинтересирани, карти за настаните можете да набавите ТУКА. 

За влезници на фактура пишете на [email protected]

Ги охрабруваме и покануваме сите претставници на бизнис заедницата да ни се придружат! Се гледаме на 21-ви и 22-ри расположени и спремни за нови знаења и идеи!

Во продолжение дел од атмосферата во градскиот парк:

Промовирани огласи »

Следејќи ги светските трендови во високото образование а со цел да се прилагоди на интересот, потребите и барањата на студентите потшишан е меморандум за соработка помеѓу Универзитет СКОПЈЕ познат на јавноста во минатото како Факултет за туризам и менаџмент и KARIERA.mk

Меморандумот беше потпишан од страна на ректорот проф. д-р Аце Миленковски и генаралниот директор на KARIERA.mk Зорица Бужаровска Бошковска.

Предмет на овој Меморандум за соработка е долгорочна научна и информативна соработка помеѓу договорните страни

Двете договорни страни се согласни дека постои взаемен интерес за остварување на долгорочна соработка.

Формата на долгорочната соработка ќе се остварува на еден од следните начини:

  • Презентација на платформата пред студентите од прв и втор циклус на студии, од страна на претставник на KARIERA.mk еднаш или повеќепати годишно
  • Заеднички проекти од информативен, развоен и научен карактер преку оджување на работилници, саеми и предавања на вашиот факултет
  • Бесплатна активација на МојаКАРИЕРА картичката за студенти кои се заинтересирани со бенефиции кои се корисни за секој студент
  • Соработка во едукативни процеси преку информирање на студентите за нови огласи за работа и пракса во компаниите кои имаат активни огласи на KARIERA.mk, еднаш месечно преку електронска пошта
  • Техничка помош на студентите при процесот на барање нработа преку кратки обуки за креирање на СѴ и мотивациско писмо во однапред договорени со датум и време со факултетот

Тимот на KARIERA.mk се радува на секоја нова соработка, особено на соработките со универзитетите кои се глас на иднината. Во наредниот период ќе следи и објава на конкретните датуми за заедничките настани и активности кои ги припремаме во нареднте месеци. Младите луѓе заслужуваат поддршка и директна инклузија и веруваме дека студентите ќе ги најдат своите кариерни можности за развој токму на нашиот сервис!

Промовирани огласи »

KARIERA.mk беше во посета и дружба на кариерниот ден во организација на UACS каде што учествуваа многу реномирани компании меѓу кој зема учевство и KARIERA.mk 

Со почеток од 10:00 во амфитеатар 1 исто така се одржи и кариерна работилница во склоп на која сите студенти имаа шанса за се запознаат со MojaKARIERA картичката преку кратка презентација и простор за прашања. 

На самиот настан освен што имавме прилика да ги запозавме студентите со нашиот продукт, МојаКАРИЕРА картичката, како и придобивките за истата, студентите освен добиените информации можеа и да се почестат и со КАРИЕРА кафе.

Што добивате ако ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка: 

Препорака кај компаниите! BASIC

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компаниите за каде би соодејствувало. KARIERA.mk има одличен партнерски однос со многу компании од државава па така со ова вашата потрага по совршеното работно место ќе биде многу побрза.

Професионална проверка на вашето CV! PRO

Тимот на KARIERA.mk е составен од професионалци кои секојдневно прегледуваат огромен број на CV-а. Со купување на картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV и сугестии за промени и корекции со цел ваше претставување во најдобро светло пред потенцијалниот работодавец.

Погледнете дел од атмосферата, галерија од слики во прилог:

Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на Либерти!

Либерти Скопје е дел од Либерти Стил Групацијата, глобална компанија за челик и рударство која има 200 производствени капацитети во 10 земји. Компанијата произведува ладно валан челик, поцинкувани котури и плочи, и пластифицирани котури. Фабриката има голем број на производствени процеси, вклучувајќи: линија за Лужење, Тандем, Двостан, Поцинкална и линија за Пластификација.

Воедно како компанија која се стреми кон секојдневен успех и усовршување на своите производи константно е во потрага и усовршување на својот тим!

Моментално како активно е следното работно место:

РЕФЕРЕНТ ЗА СМЕТКОВОДСТВЕНО РАБОТЕЊЕ

Се уште сте невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »