Промовирани огласи »

Справувањето со негативен колега може да биде предизвик, но постојат неколку начини да се справите со оваа ситуација.

  • Посветете време за слушање 

Приближете се на негативниот член и слушнете ги неговите предлози и мисли. Понекогаш, чувството на незадоволство може да се реши доколку сте слушнати и разбрани.

  • Изградете емпатија 

Проценете ги мислите и чувствата на соговорникот. Покажете дека ги земате во предвид различните гледишта и дека сакате да помогнете и да пронајде начини за решавање на проблемите.

  • Поттикнете позитивна дискусија

Воведете позитивни разговори и активности во тимот. Позитивните искуства и успесите можат да помогнат во погледите на негативната перспектива.

  • Искористете го предизвикот

Повиктајте го негативниот член на тимот да ги разгледа предизвиците како можност за раст и развој. Предизвикот може да биде стимулативен фактор за неговата мотивација и ангажман.

  • Креирајте позитивна атмосфера 

Организирајте тимски активности и настани кои ќе го подобрат воведот на позитивна атмосфера во тимот. Овозможете отворена комуникација и поддршка меѓу членовите на тимот.

Негативниот член на тимот може да има различен начин на размислување и да ги нагласи потенцијалните ризици. Искористете го ова како можност за проширување на идеите и за подобрување на стратегиите за решавање на потенцијалните предизвици во иднина.

Промовирани огласи »

Се зголемиле платите во Македонија. Просечната нето плата во јануари изнесувала 39.542 денари.

Таа во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 проценти, информираше денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (19,1 процент). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец има во секторите: Градежништво (10,9 проценти), Преработувачка индустрија (4,9 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 проценти). Сепак, во сите земји од екс Југославија, работниците имаат повисоки плати. 

Промовирани огласи »

Целта е, никогаш немојте да бидете спокојни не се задоволувајте со медиокритет, секогаш барајте повеќе. Животот ви дава неограничен спектар на можности каде и да погледнете може да најдете некоја можност, скриена можност, отворена можност ваше е дали ќе процените или ќе ја фатите можноста или ќе останете животот да ве одмине и цело време да викате, еј можев тоа да го направам. - вели Горан Николоски - Генерален директор на Интеркредит.

Промовирани огласи »

„Повторно во Жито Маркети: Каде го пронајдов балансот помеѓу работата и слободното време"

1. Што Ве мотивираше да се вратите во нашиот тим?

Моето искуство надвор од Жито Маркети ме научи дека не сите работни места се исти. Се обидов да пронајдам подобри услови, но бргу сфатив дека не е се вистина што го читаме по огласите за работа, но и она што го имам овде е уникатно и за мене вредно. Сфатив дека работната средина, почитта и организацијата што ги имаме се нешто што не се среќава секојдневно. Ми беше потребно кратко време за да го увидам значењето на семејството што го најдов тука, и за тоа одлучив да се вратам.

2. Како би ја опишале корпоративната култура тука и што Ви е најзначајно?

Што ме воодушевува е чувството дека сум ценета и почитувана како индивидуа. Оваа компанија ме прифати назад без прекори и ми покажа дека вратите секогаш се отворени за оние кои сакаат да придонесат. Вреднувањето на личниот развој и придонесот на секој вработен е нешто што ми е навистина значајно.

3. Како програмите за развој и обуки влијаат врз Вас?

Програмите за обука и развој тука ми покажаа колку е важно кога работодавецот инвестира во вработените, прво за самите нас, кои се стекнуваме со професионално знаење, но и за самата компанија, а и купувачите. Именувањето на ментор кој беше со мене на секој чекор, помагајќи ми да се вклопам и да растам професионално, беше клучно за моето успешно враќање и адаптација. Ова ме натера да ја ценам уште повеќе нашата култура на поддршка и мотивација.

4. Како работна средина влијае врз Вашето задоволство?

Бидејќи сме како едно големо семејство, чувствувам дека мојата работа е важна и дека секој придонес е ценет. Нивото на тимска работа и меѓусебна поддршка овде е нешто што ретко се среќава. Овие аспекти на нашата работна култура ми овозможуваат да најдам совршен баланс меѓу професионалниот и приватниот живот, што значително придонесува кон моето општо задоволство.

5. Какви се Вашите цели и амбиции во периодот што претстои?

Во оваа компанија видов многу примери на луѓе кои се развиваат и напредуваат, и сакам да го следам тој пат. Ценам што ми се даваат можности да растам и се надевам наскоро да придонесам уште повеќе на повисока позиција. Бенифициските програми и признанијата за нас вработените не само што нè мотивираат секојдневно да даваме сè од себе, туку и дополнително потврдуваат дека сум на вистинското место.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »