Промовирани огласи »

Избегнувањето на работни навики кои го нарушуваат вашето ментално здравје е важно за вашето општо добро состојба и продуктивност.

Еве неколку совети за тоа како да ги избегнете или намалите тие навики:

  • Поставете граници

Поставете граници помеѓу вашето лично време и работното време. Одредете часови за работа и одмор и се обидете да ги почитувате.

  • Практикувајте само-освестеност

Бидете свесни за вашето работно време и препознајте кога сте премногу ангажирани или претерано работите.

  • Планирајте ги паузите

Во текот на работниот ден, правете кратки паузи за одмор и освежување. Редовните паузи можат да ви помогнат да се освежите и да го подобрите фокусот.

  • Физичка активност

Редовната вежба може да ви помогне да го намалите стресот и да го подобрите вашето ментално здравје. Вклучете ја вежбата во вашата дневна рутина.

  • Применете техники за управување со стрес

Научете техники за управување со стрес како што се дишење, медитација или прогресивна мускулна програма за опуштање. Овие техники можат да ви помогнат да се справите со напрегнатоста и стресот на работното место.

  • Поддржувајте здрав начин на живот

Хранете се здраво, спијте доволно и избегнувајте лоши навики како што се претераното конзумирање на алкохол или пушење.

  • Комуницирајте со своите колеги и надредени

Ако чувствувате претеран напор или претеран стрес на работа, комуницирајте со своите колеги или надредени. Поделете ги своите предизвици и потреби за поддршка.

  • Избегнувајте мултитаскинг

Обидете се да не се обврзувате со прекумерен број на задачи или проекти и научете да ги одбивате барањата кои ви го претоваруваат распоредот.

Секој човек има различни потреби и предизвици, затоа е важно да ги пронајдете начините кои најдобро ви одговараат за управување со работните навики и за грижа за вашето ментално здравје. Ако сте во потешкотии, разговарајте со професионален советник или терапевт за поддршка и совети.

Промовирани огласи »

1. Што ја дефинира тимската култура на Скопје Мериот Хотел и како таа се разликува од останатите угостителски средини?

Сè започнува со основните вредност на нашата компанија: Ги ставаме луѓето на прво место. Кога се грижиме за нашите луѓе, синџирот на вредности е ставен во движење.

Кога велиме Ги ставаме луѓето на прво место, тоа значи дека се трудиме максимално на вработените да им го обезбедуваме она што е најважно за нив, а воедно и да ги поместиме границите во позитивна насока кон она што го очекуваат.

Врз основа на неколку глобални истражувања, запознаени сме дека на луѓето при вработување од огромна важност им се три вредности: можности, заедница и цел.

Ние се стремиме кон исполнување на тие вредности во целост, а со тоа нашите вработени се инспирирани да ги движат другите основни вредности на нашата компанија – Стремење кон извонредност, Прифаќање на промени, Дејствување со интегритет и Му служиме на нашиот свет.

Преку TakeCare програмата која е водена од наши лидери а учествуваат и самите вработени, сме пример и инспирација за личен и профеионален развој, наоѓање цел во работата како и креирање на силна заедница каде сите се стремат кон движење на основните вредонсти.

2. Колкави се можностите за напредок доколку некој е дел од Мериот тимот? Што е клучно за некој да биде дел од Мериот семејството и кој карактеристики треба да ги поседува секој оној кој што сака да напредува?

Слоганот под кој сме препознаени е: Во Мериот ... биди Ти.

Ние како компанија веруваме дека нашите вработени заслужуваат кариера која ја исполнува нивната цел. Нашите вработени заслужуваат да сонуваат без граници и затоа секогаш ги охрабруваме и мотивираме да бидат дел од нешто поголемо од себе.

Ние им помагаме да го изградат правилно патот до нивната цел, да припаѓаат на глобална заедница и да станат најдобрата верзија од себе.

Накратко, креираме планови за равој и нудиме безборј можности за секој кој се пронаоѓа во приказната.

Колкав период ќе биде потребен за напредок во кариерата е индивидуално и зависи од самите вработени. Менаџерскиот тим и одделот за Човечки Ресурси имаат на располагање многу алатки за да идентификуваат иреализираат напредок во кариерата.

3. Дали Скопје Мериот Хотел има некакви програми или курсеви кои што им ги нуди на своите вработени, за да поттикне поголема мотивација и континуиран раст на своите вработени?

Покрај редовните обуките кои се предводени од одделот за човечки ресурси при врботување, секој вработен добива пристап до нашата онлајн тренинг база (Digital Learning Zone) која има за цел да им понуди неограничен пристап на ресурси со чија помош би стекнале нови вештини во област која ги интересира или би ги усповршиле постоечките.

Исто така, на располагање имаме и програма за менторство каде што искусен колега од друг хотел во мрежата им помага полесно да се надградат пришто доаѓа и до споредување на најдобри практики.

Една од највозбудливите можности за вработени е можноста за Task Force или демонстрирање на свите професионални вештини на друга локација. Нашите вработени патуваат во разни градови, земји и континенти каде отвораме нови хотели и работат како тим со колеги од целиот свет.

4. Неодамна го промовиравте вашиот нов брендинг за своите вработени, BE. Може ли да ни кажете што значи BE?

Симболот на професионалниот живот во Мериот, е демонстриран со способноста секогаш да давате се од себе, да започнете ваша цел, да припаѓате на неверојатен глобален тим и да станете најдобрата верзија од вас.

Како голема, историски успешна компанија, Мериот може да се доживее како формална, корпоративна и крута. Нашиот бренд - и нашата последователна содржина - активно работи на промена на таа претпоставка, подобро усогласувајќи се со нашите глобални вработени глобално и начинот на кој тие работат заедно, се поддржуваат едни со други и ја всадуваат нашата топла и гостопримлива култура низ целиот свет.

Ние сме инсајдерот, раскажуваме приказни од реалниот живот на начин кој ќе биде лесно разбран. Ние сме неформални, комуникативни, јасни и искрени. Ние сме полни со почит и секогаш сме позитивни.

5. Во вашиот тим има вработени од различни кулутри почнувајќи од луѓе од Бали, па се до Јапонија. Може ли да ни кажете нешто повеќе за ова, дали во Скопје Мериот Хотел се почитуваат различностите, различните култури?

Да, апслутно, тоа е нешто на што сме најмногу горди како компанија. Целносно поддржуваме различности и секогаш промовираме култура на еднаквост за сите. Кога велам еднаквост, навистина мислам еднаквост во секој поглед.

Во Скопје Мериот Хотел имаме стандард за Гаранција за фер третман и строга политика против секаков вид на вознемирување.

Нашите врати се отворени за сите оние кои ги делат нашите вредности и сакаат да градат кариера вохотелиерството. Навистина е интересно кога споредуваме обичаи и традиции со нашите колеги од Русија, Турција, Индонезија, Филипини, Бали...

6. Што значи да се биде дел од “hospitality” индустријата?

Угостителство и хотелиерството како дејности се многу динамични и благородни. Прекрасно е чувството кога светски патници диверуваат обезбедување на привремен престој каде ќе се чувствуваат добредојдени како да се дома. Нашето име Marriott не само што го постави стандардот за угостителство, туку и го подигна: иновираме во секоја прилика и ја стекнуваме довербата на патниците ширум светот. Од нашиот модерен дизајн, нашите збогатени искуства и срдечна услуга, ставањето на луѓето на прво место е нашето наследство на кое гостите можат со сигурност да се потпрат за да ја зајакнат секоја нивна потрага. Бидејќи кога гостите престојуваат во хотелите на Мериот, знаат дека ќе доживеат прекрасно гостопримство, секогаш.

7. Кој се најважните етички и морални вредности кои што задолжително мора да се почитуваат во вашиот тим?

Во Мериот, ние сме посветени да ги ставиме луѓето на прво место и да создадеме средина која е инклузивна и добредојдена за сите. Уникатните искуства, перспективи и талент што ги носи секој вработен е она што го прави Marriott успешен. Различноста на нашата глобална работна сила е нашето најголемо богатство. Така сме иновативни. На тој начин ги поврзуваме луѓето преку моќта на патувањето. Нашата цел е да внесеме разноликост во ДНК-то на нашата компанија и со тоа ќе продолжиме да успеваме. Горди сме на наследството на TakeCare што ни го оставија основачите на компанијата Мериот и начинот на кој ги обликуваа нашите основни вредности и култура.

Ние ги ставаме луѓето на прво место со исполнување на нашата посветеност кон вработените да им обезбедиме можности, заедништво и цел. За возврат, вработените се инспирирани да ги живеат основните вредности на Мериот, вклучително и ставањето на луѓето на прво место во нивниот секојдневен живот. Тоа е моќна, само-надополнувачка динамика.

8. Колку време сте дел од тимот на Мериот?

Ова е мојата 6-та година во Скопје Мериот Хотел и можам да кажам дека работата во оваа компанија е неспоредлива со моите претходни работни искуства.

Да се биде дел од Мериот семејството подразбира напорна работа и посветеност но тие се секогаш проследени со препознавање и вреднување на трудот и залагањето.

Особено задовослтво ми причинуваат успешните приказни на нашите вработени кои ги имаме во значителне број за кој работиме напрно и се трудиме да расте и во иднина.

Промовирани огласи »

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак споредено со другите земји во регионот. Просечната возраст на која Македонките се мажат е 26,6 години, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Девојките во Црна Гора стапуваат во брак просечно на 27,5 години, во Бугарија на 28,3, во Србија на 28,5, во Хрватска и во Косово на 28,8, а во Грција на 30,9 години. Во повеќето европски земји, жените стапуваат првпат во брак на над 30 годишна возраст.

Забележлива е разликата во западна и во источна Европа, колку се оди позапад, толку е поголема просечната возраст. Најмлади се мажат Украинките на 24,9 години, девојите во Белорусија на 25,1 и во Турција на 25,2 години.

Жените во Шведска, пак, стапуваат во брак просечно на возраст 34,8 години, во Шпанија на 34,7, а во Норвешка на 34,1 година. „Ландгеист“ забележува и дека возраста на која жените стапуваат во брак не мора да значи дека тие подоцна влегуваат во врска или основаат семејство.

Ако се погледне картата на уделот на раѓања надвор од брак, се чини дека се повеќе парови прво раѓаат деца, а потоа стапуваат во брак или воопшто не стапуваат во брак.

Промовирани огласи »

Постојат неколку причини зошто работните места кои не бараат искуство можат да бидат тешки да се добијат:

  • Конкуренција

Иако работните места не бараат искуство, многумина сè уште аплицираат за нив. Кога има голем број на апликации, може да биде тешко да се издвоите и да се земе во предвид вашата апликација.

  • Вештини и квалификации

Иако работодавците можеби не бараат искуство, уште може да бараат одредени вештини или квалификации. Луѓето кои ги имаат овие вештини или квалификации можат да имаат предност во процесот на аплицирање.

  • Привремени или ниски плати

Некои од работните места кои не бараат искуство можеби се привремени, ниско платени или нудат малку можност за напредок. 

  • Недостаток на искуство 

Без искуство, вашата апликација може да изгледа како ризик за работодавците, особено ако постојат кандидати со искуство во слични работни места.

За да ги зголемите вашите шанси за успешно добивање на работно место без искуство, може да се обидете да ги нагласите вашите вештини, образованието, мотивацијата и можностите за учење.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »