На 27 декември 2016 Година, во просториите на СКСЗМ се потпиша Меморандум за соработка помеѓу СКСЗМ и сервисот за развој на човечки ресурси KARIERA.mk. 

Оваа соработка има за цел промовирање, развој и континуирана едукација од областа управување и развој со човечки ресурси, а во согласност со заедничките интереси и меѓусебната соработка на двата субјекти.

СКСЗМ и KARIERA.mk заедно ќе соработуваат во интерес на развојот на процесите за обезбедување на работна сила за членките на Комората и промоција на светските стандарди во управувањето со човечките ресурси. 

Во претстојниот период ќе се врши размена на искуства и најдобри практики за успешно спроведување на процесот за регрутирање и селекција на кадидати за вработување преку гостувања на претставници од KARIERA.mk во едукативните настани  кои ги спроведува Комората.

Човечките ресурси се најважниот капитал на секоја фирма или организација, создавањето, управувањето и надградбата на човечките ресурси преставува сложен процес кој треба да следи повеќе фази на развој. СКСЗМ ќе настојува на своите членови да им овозможи што помодерни решенија за човечки ресурси, кои се воедно и тренд во западните земји, пред се за брза реакција кон организациските потреби за раст, потребите на пазарот, конкурентноста, иновациите и проширување на нивните бизниси - изјавува Фатмир Битиќи, извршен директор на СКСЗМ  

Со соработката, истотака се предвидува и организирање на заеднички специјални настани, обуки, саеми; Учество на вработени од компаниите-членки во Комрата на порталот KARIERA.mk преку колумни, интервјуа и други информативни статии на теми поврзани со професијата човечки ресурси; Ефикасно информирање за достапните пракси и стипендии кои се нудат од членовите на комората; Учество во останати заеднички проекти, и тоа: истражувачки проекти, промотивни проекти, продукциски проекти, проекти за развој и професионализација на професијата човечки ресурси.

KARIERA.mk е веб сервис кој произлезе како синергија на тимови со 10 годишно искуство во областа на вработувањето и во областа на модерните ИТ решенија. KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи за работа во Македонија, достапните пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе помогне за унапредување низ кариерата. Различни не прави фактот што нашите содржини и огласи се споделуваат на веб страни кои имаат над 12 милиони прегледи месечно, на најголемите страни на социјалните мрежи, како и на таргетиран newsletter од преку 100.000 членови. – изјавуваат Норик Селими и Ѓорѓи Какашевски, основачи на сервисот. 

СКСЗМ ќе настојува на своите членови да им овозможи што помодерни решениа за човечки ресурси, кои се воедно и тренд во западните земји, пред се за брза реакција.

Стопанска Комора на Северозападна Македонија

Промовирани огласи »

Тесла почина во јануари 1943 година и се што било негово е запленето од ФБИ. Три седмици подоцна, експертска група ги прегледала сите документи.

Идниот претседател на САД, Доналд Трамп, можеби е единствениот човек кој ги знае сите тајни на Никола Тесла, со оглед на тоа што неговиот чичко бил на чело на комисијата на ФБИ што ги истражувала запленетите документи по смртта на еден од најголемите научници, забележа „Њујоркер“.

Тесла почина во јануари 1943 година и се што било негово е запленето од ФБИ. Три седмици подоцна, експертска група ги прегледала сите документи. Групата ја предводел Џон Г. Трамп, чичко на Доналд Трамп. Чичкото на Трамп бил инженер и физичар, а и самиот Трамп често го споменувал својот чичко.

Чичко ми често ми зборуваше за нуклеарната војна и пред да стане нуклеарна“, велел новоизбраниот американски претседател.

Најголем страв на ФБИ била можноста Тесла да развил некое моќно оружје што некој би можел да го искористи. Официјално пак, истрагата не дала побитни резултати, а Џон Трамп напишал: Размислувањата и трудовите на Никола Тесла, барем последните петнаесетина години, пред се се од филозофска природа и на содржат нови делотворни методи или применливи истражувања.

Шест месеца по смртта на славниот научник бил спроведен Филаделфискиот експеримент, што според некои теоретичари е доказ дека во документите на Тесла имало нешто повеќе од филозофирање.
 
Чичкото на Доналд прв ги прочитал белешките на Тесла, па затоа се поставува прашањето колку од тие информации се пренесени на Доналд Трамп.

Промовирани огласи »

Оваа година, вестите од науката навистина ги размрдаа луѓето! Имаше и интересни но и потресни вести од науката. Судир на пар црни дупки милијарди светлосни години далеку од нас предизвика вибрирање на гравитацискиот детектор и со тоа не внесоа во една нова ера на астрономијата, вознемирувачката вест за вирусот Жика предизвикаа хаос во Јужна Америка, принудувајќи ја Светската здравствена организација да прогласи вонредна состојба во регионот; во меѓувреме, нашата планета продолжи да се затоплува, и ги скрши рекордите во намалување на арктичкиот мраз. Имаше и медицински откритија за увид во еволуцијата на човекот и уште многу други нови достигнувања кои ќе не внесат во новата 2017. Ова беа најинтересните научни приказни во 2016:

1. АЈНШТАЈН БИЛ БО ПРАВО ! Гравитациските бранови навистина постојат!

После 100 години потрага, меѓународен тим на физичари конечно го потврди постоењето на гравитациски бранови. Ова преставува едно од најголемите откритија на векот бидејќи не само што го подобрува нашето разбирање за функционирањето на Универзумот, туку и отвора еден сосема нов начин за негово проучување

2.Пронајдена е нова планета!

Веќе 20 години истражуваме нови планети, орбити, сончеви системи - така и оваа година беше откриена Проксима Кентаури Б ( "Проксима б" на кратко) и беше поздравена како значаен наод од научниците низ светот. Дел од возбудата произлегува од фактот дека системот на Проксима Кентаури е најблискиот ѕвезден систем до нас - само четири светлосни години, или 25 трилиони милји. Планетата е со слична големина како Земјата, но уште поважно, орбитата на Проксима б лежи во рамките на "зоната погодна за живот", што значи дека постои улов да постоење на вода во течна состојба на површината на планетата, што укажува на извонредно привлечна можност за живот.


3. Едно бебе може да има тројца родители

Кога станува збор за човечката репродукција, работите може да бидат комплицирани. Месецов, владина агенција која ги регулира третманите за плодност во Велика Британија даде зелено светло за клиниките да аплицираат за дозволи за извршување на процедура на митохондријална заместителна терапија (МРТ). Терапијата ќе им биде понудена на жените чија ДНК е изложена на ризик од пренесување на потенцијална осакатеност или генетски болести на нивните деца. Техниката вклучува замена на неисправни митохондрии во јајце клетките на мајката со здрави митохондрии од донор. Бебето, сепак, ќе наследи целосен сет на 46-те хромозоми од мајката и таткото, а со тоа и митохондриите на донорот, со ова ќе имаме само здрави и среќни деца на светот.

4. Животните разбираат многу повеќе отколку што мислевме!

Со години научниците веруваа дека само луѓето имаат капацитет за "теорија на умот" - да можат да чувствуваат нешто за туѓите размислувања или емпатија. Но, оваа година истражувачите заклучија дека три видови на големите мајмуни-шимпанзата, бабуните и орангутаните ја имаат оваа извонредна способност исто така. Дури и глувците според истражувањата покажуваат некое ниво на емпатија. Истражувачите откриле дека ако здрави глувци се поставени во близина на глувци кои се во болка, здравите глувци станануваат почувствителни на болка кај себе.

Промовирани огласи »

Заминувањето на младите од Балканот заради подобра иднина, ќе ги погоди економиите на земјите. 

Се истакнува дека за 1 месец во странство се заработуваат 4 плати кои би ги добивале во родната земја. 

Франс прес ја споредува состојбата во повеќе земји како Србија, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Косово. За нашата земја се наведува дека 85% од младите сакаат да си заминат. 

Се вели дека Косово е најпогодено затоа што 60% од младите немаат работа. 

За Тузла во БиХ се пишува дека е регион кој е погоден од сиромаштија. 

За Хрватска се пишува дека по влезот во ЕУ во 2013 година, многу граѓани заминуваат во Германија на работа. 

Се смета дека Германија ќе понуди многу работни позиции за медицински кадар од Балканот. 

Луѓето од Балканот потврдиле дека за вработување овде им треба партиска или друга поддршка. 

Промовирани огласи »

Повеќе
КЛИКНИ