Промовирани огласи »

Минатиот месец ги објавивме најдобрите компании за работа во САД во 2016 година, според истражувањето на американскиот сајт за кариери Glassdoor, кој ги собира и анализира податоците обезбедени од страна на вработените за работните услови во претпријатијата.

Сега ви ги претставуваме најдобро платените работни места во овие компании. Во нив може да заработите повеќе од 100 илјади долари годишно.

Повеќето од овие места бараат најмалку 5 години работно искуство. Исклучок прават техничките позиции за кои компаниите се подготвени да платат повеќе. Еве ја комплетната листа:

11. Продукт менаџер, Genentech – 112 204 долари

10. Програмски менаџер, Texas Instruments – 115 570 долари

9. Бренд менаџер, Nestle Purina Petcare – 120 277 долари

8. Дизајнер, Intuit – 123 149 долари

7. Менаџер за снабдување, Apple – 129 365 долари

6. Виш аналитичар, Forrester – 133 034 долари

5. Продукт менаџер, Adobe – 132 564 долари

4. Научник на податоци, Facebook – 133 768 долари

3. Маркетинг менаџер, The Clorox Company – 142 286 долари

2. Научник истражувач, Google – 145 220 долари

1. Менаџер за продажба, McKinsey & Company – 175 514 долари

Промовирани огласи »

Познатиот британски готвач Џејми Оливер најави дека ќе затвори повеќе ресторани од совјот синџир „Џејмис италијан“ (Jamie's Italian) во Велика Британија...

Како главна причина тој ја наведува одлуката на Велика Британија да истапи од ЕУ, што доведе до поскапување на состојките за италијанските јадења што се подготвуваат во неговите ресторани. Ќе се затворат шест ресторани, меѓу останатите во Абердин, во Шкотска, и во близина на Катедралата Свети Павле во Лондон.

Секој сопственик на ресторан знае дека на пазарот ситуацијата е тешка и дека притисоците и неизвесноста по одлуката за Брегзит дополнително ја отежнаа ситуацијата, објасни директорот на Џејмис италијан - Сајмон Благден.

Затворањето ќе загрози 120 работни места, што е помалку од пет отсто од вработените во овој синџир, наведе Благден, кој вети дека на работниците ќе им понуди други работни места во групата.

Како причина за затворањето на дел од рестораните, освен поскапувањата на намирниците, се наведуваат и трошоците за обука на вработените и падот на посетеноста на рестораните. Од одлуката на Британците да истапат од ЕУ, на референдумот од 23 јуни 2016 година, британската фунта забележливо загуби од вредноста во однос на еврото, што доведе до раст на цените на увезените производи.

„Џејмис италијан“ ќе продолжи да се развива во странство, со план да отвори 22 нови ресторани со партнерите, се наведува во оваа група.

Џејми Оливер сега има 42 ресторани во синџирот „Џејмис италијан“ во Велика Британија, а неговото име го носат и 36 ресторани во странство.

Промовирани огласи »

Од околу 4.000 вработени во Тојота во Калифорнија, Кентаки и во Њујорк беше побарано да се преселат во Плано, Тексас, каде Тојота го гради своето ново седиште составено од седум објекти.

Врз основа на првичните одговори од вработените, Ленс предвиде дека околу 70 проценти од вработените на Тојота - невообичаено голем број, ќе ја прифати понудата за преселба.

Сите дополнителни 1000 работни места кои се достапни ќе бидат објавени на www.toyota.com/careers иако Тојота одби да разговара за платите и објави само дека ќе бидат навистина конкурентни.

Веќе 19 000 луѓе аплицирале за вработување во Тојота и Ленс објасни дека најмногу им требаат луѓе со универзитетска диплома.

Промовирани огласи »

Со ставање во функција на новата гигафабрика лоцирана во Невада, компанијата „Тесла“ на Илон Маск позната како автомобилска компанија сега прераснува во амбициозен алтернативен снабдувач на енергија. Првите батерии веќе се произведени.

Оваа недела компанијата Тесла и нејзиниот партнер- Панасоник го означија стартот на масовното производство на литиум-јонски батериски ќелии. Фабриката во Невада е гига-фабрика затоа што се протега на околу половина милион квадратни метри, каде моментално работат 2.900 вработени, а дополнителни 4.000 работат на доизградба на фабриката.

Сега е завршена само една третина од фабриката, а конечното завршување се очекува до крајот на годината. До 2020 година во фабриката е предвидено да работат вкупно 6.500 работници, а полниот капацитет на фабриката ќе значи и удвојување на светското производство на литиум-јонски батерии. Дополнително, гигафабриката индиректно ќе креира 20.000-30.000 работни места во регионот.

Ова е важен чекор од неколку причини:

Прво, потребни се многу батерии за Тесла електричните возила вклучувајќии го моделот Model 3 кој треба да се позиционира на средно-ценовниот пазар. Овој модел ќе почне сериски да се произведува во текот на оваа година. Во 2018 година Тесла планира да произведува 500.000 возила, сите опремени со новата батерија.

Второ, во фабриката во Невада се произведуваат Powerwall батерии за домаќинства и компании за складирање на енергија произведена од соларни покриви. Во ноември Тесла се спои со компанијата SolarCity за производство на соларни покриви.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »