Промовирани огласи »

Најбогатиот Македонец кој не живее во Македонија е Мајк Илиќ, основач на франшизата за брза храна „Little Caesars Pizza“, сопственик на „Detroit Red Wings“ и „Detroit Tigers“, со богатство од 6.1 милијарди долари.

Мајк Илиќ (Михаил Илиевски) е македонски мултимилијардер кој живее и работи во Америка. Роден е во Детроит, а бизнисот го започнал продавајќи пица.

Тој успеал да создаде сопствена продавница која подоцна ја претворил во успешна франшиза наречена „Little Caesars Pizza“ која денес е доста позната и во Америка и во Канада.

Илич е вклучен и во спортот, па така после фантастичната понуда за добивање на „NHL“ франшизата со што ги добил „Detroit Red Wings“, а подоцна ја добил и франшизата на бејзбол асоцијацијта за „Detroiot Tigers“ – и со двете франшизи успеа да направи пари кога „Detroit Red Wings го освои „Stanley Cup“ во сезоната 1996/1997 и 1997/1998 година.

Освен пицеријата, Илич заедно со сопругата ја купија историската зграда на театарот „Fox“ во јули 1987 година, а после реновацијата вредна 200 милиони долари, беше отворена во 1988 година. Во 1993 година Илич го отвора театарот „Second City“ кој се наоѓа веднаш до театарот „Fox“.

Освен бизнисмен, Мајк е и голем филантроп. Една од неговите први филантропски активности беше „The Little Caesars Love Kitchen“, основана во 1985 година. Ресторанот кој патува бил формиран за да ги нахрани гладнитее и да помогне со храна за време на национална катастрофа. Програмата е призната од поранешните претседатели Бил Клинтон, Џорџ Буш и Роналд Реган, и има послужено повеќе од 2 милиони луѓе во Америка и Канада.

Во 2006 година, инспириран од ветеран кој ги изгубил двете нозе во војна, Илич ја основал програмата „The Little Caesars Veterans“ со цел да им овозможи на отпуштените ветерани можност за бизнис.

„The Little Caesars Amateur Hockey“ програмата основана од Илич во 1968 година има за цел да им овозможи можности на десетици илјади млади луѓе. Не само што програмата им даде насока на голем број исклучително талентирани играчи за да стигнат до „NHL“, туку им помогна на овие играчи да развијат карактер внатре и надвор од теренот.

Промовирани огласи »

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим советува да се работи 3 дена во неделата.

Денес луѓето живеат подолго, повеќе се здрави, не се преоптоварени од тешка физичка работа. Денешната цивилизација бара повеќе знаење, повеќе уметност и помалку физичка подготвеност. Мислам дека луѓето треба да се пензионираат подоцна и да работат 3 дена во текот на неделата - објаснува Слим во интервју за Bloomberg.

Според него радикалното намалување на работната сила ќе доведе до отворање на нови работни места и ќе обезбеди поголема динамика на бизнисот.

Ако луѓето бидат слободни 4 дена, тоа не само што ќе го подобри квалитетот на нивниот живот, но ќе доведе и до поголем развој на туризмот, индустријата, културата, спортот и образованието.

Според милијардерот, луѓето не треба да се пензионираат на 50-60 години, туку доста подоцна, бидејќи располагаат со повеќе знаење и искуство. Така ќе се избегнат и негативните ефекти од рано пензионирање, што е сериозен проблем во многу земји.

Пократката работна недела е погодна за фирми каде има премногу вработените и онаму каде има во план да се прават кратенки.

Може да имате 2 работни места – едно од понеделник до средината на неделата и друго од четврток до сабота. Или пак да се работи 3 дена и да се обучуваат во нешто друго останатите 3 дена, за да се добие уште подобра работна сила - вели милијардерот.

Околу 40% не се согласуваат со оваа опција”, вели Слим.

Идејата за тридневна работна недела не е само на мексиканскиот милијардер. Пред неколку дена британските медиуми известија за истражувањето, според кое работниците се продуктивни само 3 дена во неделата.

Промовирани огласи »

Експерти од различни области советуваат како да бидете продуктивни во 2017 година. 

Изберете ритуал кој ќе го правите секој ден и спојте го со друга активност која ја сакате. За некого ритал е пиење кафе, а за други пишување и овие два работи можат да се завршат одеднаш. 

Бидете фокусирани и задачите завршувајте ги една по една. 

Борете се против одолговлекување. 

Практикувајте и задачи од една минута и нив завршете ги брзо. 

Направете листа со обврски, а нив прилагодете ги на вашата енергија. 

Секое утро поставете си три цели. 

Промовирани огласи »

Amazon која е компанија специјализирана за онлајн продажба соопшти дека во САД ќе отвори нови 100.000 работни места во наредните 18 месеци.

Во наредните 18 месеци сакаме да отвориме уште 100.000 работни места и нови центри за складирање на стока. Ќе продолжиме да вложуваме во нови технологии и логистика - изјави генералниот директор на Amazon, Џеф Бејзос.

Повеќето од работните позиции ќе бидат отворени во центрите кои моментални се градат во многу американски држави, меѓу кои се и Калифорнија, Тексас и Флорида.

Amazon веќе има 180.000 вработени во САД и повеќе од 300.000 ширум светот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »