Промовирани огласи »

Со германскиот пасош в џеб е најлесно да се тргне на патување низ светот. Патните исправи на германските државјани се најдоа на врвот на листата која ја изработи консултативната фирма „Хенли енд Партнерс“. Компанија секоја година прави попис на држави со чии патни исправи може да се посетат најмногу држави, а притоа да не мора да се извади виза.

Германија е трета година по ред на врвот, а македонскиот пасош се најде на 45 место.

Од вкупно 198 земји во светот, македонските државјани можат да патуват во 64 земји без виза, и тоа поголемиот број во шенген зона, а за 134 земји е потребна виза за патување на МК државјанин - велат од Министерството за надворешни работи.

На веб-страната на МНР стои дека постои можност за одбивање на влез во Шенген зоната поради одредени причини. Од министерството ни одговорија дека причините за одбивање влез во Шенген се важност на пасош подолго од 6 месеци од престојот, доказ за целта на патување и доволно финансиски средства. Овој безвизен режим се однесува на престој не подолг од 90 дена. Доколку престојот е подолг од 90 дена, потребно е државјаните на Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој.

На листата на „Хенли енд Партнер“ втора е Шведска со една држава помалку од Германија, а третото место го делат Финска, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија со 175 држави.

Патната исправа на македонските државјани лани била на 46 место, а преклани на 36 место кога и сме ја имале нависоката позиција на рангирањето. Во 2013-та година пак, сме биле на 38 место.

Дел од регионалните земји пак се на повисока позиција од нас. Така, Хрватска е рангирана на 24 место и со нивниот пасош може да се патува во 149 земји без визи. Босна и Херцеговина е на 52 место, Србија на 43 место, а Словенија на 12-то место. Бугарија пак е на 21 место, Албанија на 53 место, а Грција на 7 место.

Првите места ја докажуваат моќта на европските патни исправи. На четврто место се Белгија, Данска, Холандија и Соединетите Американски Држави. На петто место се Австрија, Јапонија и Сингапур. Ирска е рангирана на шесто место, заедно со Канада, Јужна Кореја, Луксембург, Норвешка, Португалија и Швајцарија.

Промовирани огласи »

„Професор Ајнштајн“ е хуманоиден робот кој се поврзува на Wi-Fi мрежа. Роботот е создаден за да го олесни учењето, а „предава“ физика и хемија и решава математички проблеми. Роботот е подесен и да дава известувања за климатската состојба и метеоролошки вести.

Ајнштајн има повеќе од 50 изрази на лицето. Активностите кои може да ги извршува се подесуваат со апликација наречена Stein-O-Matic.

Неговите изумители се обидуваат да го зголемат коефициентот на интелигенција на роботот, преку неговата интеракција со луѓето.

Креатори на роботот се Hanson Robots, а го претставија своето дело пред јавноста на CES конференцијата на почетокот на јануари.

Промовирани огласи »

Интернет страницата Numbeo направи избор на најскапи градови за живот. 

Ова се градови во кои треба да се издвои солидна сума за пристоен живот. 

Хамилтон, Бермудски острови - 4769 долари месечно 

Сан Франциско, Калифорнија, САД - 4612 долари 

Њујорк, САД - 4207 долари

Женева, Швајцарија - 3314 долари 

Хонг Конг - 3244 долари 

Лондон, Велика Британија - 3228 долари 

Дубаи, Обединети Арапски Емирати - 3006 долари 

Промовирани огласи »

Новиот светски поредок би можел да стави точка на ера на американска доминација која започна во текот на Студената војна“, се наведува во студијата на списаниот „Atlantic“. „Но, на целиот светски поредок воспоставен по Втората светска војна - велат аналитичарите.

Секои четири години американските безбедносни аналитичари се обидуваат да ја предвидат иднината. Во годинешниот извештај, објавен во очи вселувањето на Доналд Трамп во Белата куќа, аналитичарите предвиделе големи промени во меѓнародната политика во наредните пет години. 

Националниот разузнавачки совет, единица формирана во рамките на Канцеларијата на директорот на националната разузнавакча служба, предвидува потенцијален крај не само на американскиот статус на суперсила, туку и уривање на самите темели на таа сила : отворена меѓународна економија, воени сојузи на САД во Азија и Европа, либералните и институционални права како заштита а човековите права и институции како што е Светската трговска организација. 

Трамп често го изразуваше противењето на основните елементи на овој меѓународе ред – посебно кога станува збор за споразумите за слободната трговија, воените сојузи и демократијата која Америка ја „промовира“ надвор од своите граници. Меѓутоа, тој сака да ја задржи доминацијата на САД во светот.
Сепак, денес, големите сили се мачат во обидот да соработуваат во однос на прашањата чии последици можат да бидат глобални и агресивно дејствуваат во своите делови од светот. Во наредните години, Националниот разузнавачки совет предвидува дека моменталниот меѓународен систем ќе биде поделен на спротивставени регионални сфери на влијанија.  

Во еден од примерите како светот би можел да изгледа, авторите предвиделе дека до почетокот на 2020-те години, Трамп би можел да продолжи да биде претседател, Кина , Русија и Иран веруваат дека САД се повлекува од светот заради поделени внатрешни политики и хаотични владини финансии. Заради тоа, Кинезите, Русите и Иранците имаат намера да го прошират своето влијание на соседните зеји, така што, до средината на 2020-те „силите во центарот на регионалната сфера ќе го потврдат своето право на економско, политичко и безбедносно влијание во рамките на своите региони“, се наведува во извештајот. 
Авторите на извештајот, предвидуваат дека Кина тражи начини да го реши проблемот со лошата состојба со животната средина, или вбризгувањето на аеросолните сулфати во атмосферата, со што ќе наштети на државите во околина. Извештајот, исто така, предвидува спор економски раст : „Индија ќе биде најбрза растечка економија во наредните пет години, додека кинеската економија ќе забави, а растот во останатите земји ќе се рашири“, наведуваат авторите. Еконосмкиот раст на САД ќе биде „умерен“. Исто така, превдидуваат дека заканите од тероризам ќе растат, а можно е да дојде и до пораст на национализмот, па ќе дојде до судири помеѓу одредени земји. Извештајот предупредува и дека популистичките авторитарни политики би можеле да бидат закана за либералната демократија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »