Промовирани огласи »

Нови избори би биле голем удар за стопанството. Во таков случај ќе продолжиме со стагнација, дури и регрес на планираниот економски раст, вели извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Фатмир Битиќи, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Битиќи, кои се директните последици од политичката криза, која трае предолго, врз економијата, во која најмногу засегнат е бизнис секторот, зашто на бизнисот му е потребна стабилна и мирна политичка клима, која, за жал, по изборите се уште ја нема?

За жал има директна последица, а тоа е стагнацијата на економскиот раст, којашто сите очигледно ја гледаме. Ние како Стопанска комора на северозападна Македонија веќе на неколку пати сме кажале дека таквата политичка криза директно ќе влијае. Изминатата година ја завршуваме веројатно со рекордно најниско ниво на економски раст, а од друга страна самото стопанство, самите бизниси сè уште продолжуваат да имаат проблеми со ликвидност, со тековното работење, со неподмирување на тековните обврски, овде вклучувајќи ги државните институции, а и раскинување на договори или ставање на некои договори во стагнација, затоа што не можат да ги спроведат поради потешкотиите во нивното спроведување.

Може ли политичари кои се осомничени за криминал и корупција, кои беа обелоденети со „бомбите“ што ги објавуваше опозицијата, да ја компромитираат економијата создавајќи нелојална конкуренција и други проблеми и може ли бизнис секторот да се избори против тоа?

Главните принципи што ние ги бараме од следната влада се транспарентност и отчетност, а второ е владеење на правото. Владеење на правото затоа што сметаме дека тоа ќе обезбеди функционалност на сите институции, на различните нивоа, ќе осигура праведно и афирмативно спроведување на закони, што е неопходно за едно стопанство. Овде нема да навлегувам дали истите луѓе тоа да го направат, но сметам дека ако постигнеме соодветно владеење на правото, дека тоа е единствениот излез на Македонија од оваа политичка криза.

Целото интервју можете да го видите во видеото на РСЕ подолу:

Промовирани огласи »

Македонија со национален штад ќе се претстави на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2017“ што ќе се одржи од утре до 10 февруари во  Москва.

Настапот на македонските компании е во организација на Македонско-руската стопанска комора (МРСК) и со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што соопшти МРСК, на овој настан од областа на производството и пласманот на стока за широка потрошувачка, своите производи ќе ги изложат  винариите „Стоби“ од Градско, „Далвина“ од Струмица и „Кралската винарија“ од Демир Капија, производителите на сирење и кашкавал „Здравје“ од Радово и „Осогово милк“ од Кочани, како и  производителот на конзервиран зеленчук и овошје „Вори“ од Гевгелија.

Македонско-руската стопанска комора го организира и самостојниот настап на „Кадино индустри груп“, кој првпат со сопствен штанд ќе ги претстави своите мелнички производи и свежо замрзнати тестенини.

На националниот штанд на 56 метри квадратни руските увозници и дистрибутери, трговските ланци и најголемите маркети, како и  другите деловни луѓе и бројните посетители, ќе можат да се сретнат со вкусовите на квалитетната македонска храна и врвни вина. Македонско-руската стопанска комора по осми пат, а со државната поддршка, шести пат, го организира презентирањето на македонската прехранбена и индустријата на пијалоци, микс што маркетиншки влијае на зголемување на пласманот на македонските стоки на овој голем пазар - вели извршниот директор на МРСК Дејан Бешлиев.

Во „Експоцентарот“ во Москва на „Продекспо 2017“ на 100.000 метри квадратни ќе се претстават преку 2.000 компании од 57 земји со 27 национални штанда, меѓу кои и македонскиот. Големата саемска манифестација повеќе децении по ред се одржува под патронат на Трговско-индустриската комора на Руската Федерација и со поддршка на државното Министерство за земјоделство и Управата на градот Москва. 

Промовирани огласи »

Три згодни девојки го најавија Garage sale, познатата и голема шопинг акција организирана од трговскиот центар Рамстор.

Разголени од жешките цени, покриени со овогодишниот креативен симбол, кесата за пазарување и официјално се подготвени за најголемата распродажба којашто се организира веќе петта година по ред во Скопје.

Во периодот од 7ми до 12ти февруари во Рамстор мол сите посетители ќе можат да го купат она што го посакуваат по намалена цени, до минус 70% попуст на голем број производи.

Акцијата Garage sale нуди одлична можност за сите оние кои ќе одлучат да си ја подноват својата гардероба со некое брендирано парче облека или моден додаток, а истото го добијат по ексклузивно намалена цена. Во акцијата ќе учествуваат сите продавници и бутици во трговскиот центар. 

Промовирани огласи »

Луѓето нема да се грижат, ниту ќе забележат доколку 74 отсто од брендовите кои ги користат едноставно, исчезнат.Тоа го покажува најновото истражување на „Хавас Медија“ под името „Значајни брендови“.

Глобалниот директор на „Хавас Медија“, Доминик Делпорт, изјави за „CNBC“ дека тоа е последица на претераната комуникација, односно бомбардирање на потрошувачите со рекламни пораки.

Имаме премногу брендови, можности, па така луѓето многу лесно можат да најдат алтернатива, а претераната комуникација ја убива комуникацијата, па така морате да бидете од корист на луѓето - вели тој.

Во светот во кој дневно се испраќаат 500 милиони „твитови“, се пишуваат 4,3 милијарди постови на „Фејсбук“ и се објавуваат 500 милиони часа на „Јутјуб“, успех може да постигнат само брендовите кои на потрошувачите им испорачуваат корисност.

Истражувањето спроведено на 300.000 испитаници во 33 држави, кое опфати 1.500 брендови од 15 различни индустрии, покажува дека е ирелевантно 74 проценти од брендовите се последица на фактот дека тие не допринесуваат за квалитетот на животот на потрошувачот.

Имено, 75 осто од учениците во анкетата очекуваат од брендовите да допринесат за квалитетот на нивниот живот, а само 40 посто од нив веруваат дека брендовите тоа и го прават. Меѓутоа, 60 проценти сметаат дека содржината која брендовите ја донесуваат е лоша, ирелевантна или речиси воопшто ја нема. Дека содржината на брендот треба да биде забавна, да нуди решенија или обезбеди искуство сметаат 84 проценти од испитаниците.

Извештајот резултираше со ранг листа на најзначајните брендови, а во Топ 10 се „Гугл“, „ПејПал“, „Вотсап“, „Јутјуб“, „Самсунг“, „Мерцедес Бенз“, „Нивеа“, „Мајкрософт“, „Икеа“ и „Лего“.

Доколку ги погледнете сите тие технолошки брендови, тие се на врвот во рангирањето. Зошто? Затоа што го прават мојот живот полесен, во основа, и целосно се бесплатни. Сите тие апликации се главно бесплатни за превземање, а нудат одлични услуги“, додава Делпорт.

Според неговата дефиниција, корисен бренд е функционален, обезбедува вредност за парите, го прави животот на поединецот полесен, а покрај тоа има позитивно влијание и на заедницата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »