Промовирани огласи »

Престижното списание “Forbes” ја објави листата на најбогати Македонци. Откако минал три години на тронот, Минчо Јорданов бил сменет од Јордан Камчев на местото најбогат Македонец.

Најбогат Македонец повеќе не е Минчо Јорданов. Престижниот економски магазин Forbes го рангираше Јордан Камчев како најбогат Македонец. Во овогодинешната листа на Forbes има рокади во топ петте најбогати бизнисмени од нашата земја.

Како што наведовме погоре, Јордан Камчев е најбогатиот Македонец. Во негова сопственост се компаниите Кара, Орка, Стопанска банка Битола, Бетон Штип, кои вредат 22,5 милиони евра. Познатиот македонски бизнисмен минатата година успеал да го зголеми капиталот за повеќе од три милиони евра.

Откако три години бил на тронот, Минчо Јорданов сега е вториот најбогат Македонец. Во негова сопственост се Макстил, Бетон и Факом. Овие компании “тежат” 22,5 милиони евра.

Причината за Јорданов да падне едно место подолу на листата е прилично тешката година за овој бизнисмен. За само една година, од 2014. до 2015. година, Макстил од својата вредност загубил 5,6 милиони евра. Причина за падот е ѝ забавувањето на кинеската економија, која е клучна во пазарот на челикот, но и санкциите на ЕУ кон Русија.

Forbes како трет најбогат Македонец го рангира Андреа Јосифовски. Тој е претседател на управниот одбор во “Макпетрол” и “Оилко” и во овие компании поседува акции во вредност од 20 милиони евра.

На четвртото место се нашол сопственикот на 74 проценти од контролниот пакет акции на Прилепската пивара. Станува збор за Сашо Самарџиски, а според Forbes овој македонски бизнисмен вреди 13,3 милиони евра.

Живко Мукаетов во 2015. година успеал да ја зголеми пазарната вредност на Алкалоид за 127 милиони евра, или за 20 проценти во однос на 2013. година. Тој се наоѓа на петтото место меѓу најбогатите од Македонија, а Forbes проценува дека вреди 9,8 милиони евра.

Според висината на остварените приходи, во топ 10 најуспешни компании од нашата земја се најдоа Џонсон Мети, со двојно поголем приход од второпласираниот ЕВН. Листата ја дополнуваат Окта, Макпетрол, ЕЛЕМ, ФЕНИ Индустри, Македонски Телеком, Лукоил, T-Mobile и Алкалоид.

Промовирани огласи »

Еден од ефектите на глобалната економска криза е губење на работа кој им се случи на половина милион луѓе ширум светот. Кога ќе се најдете во ваков проблем, принудени сте очајнички да трагате по нова работа, а вашите квалификации и квалитетот не мора секогаш да бидат одлучувачки.

Лукас Ила од најтесниот круг на кандидати се одделил по начинот на кој ја предал своојата биографија.

Имено, момчето од Вилнус кој по струка е специјалист за маркетинг, се преквалификувал себе си во курир за еден ден и со крофни во рака ја донел и својата биографија. По се изгледа добро ја завршил својата работа. Добил ново вработување и тоа во Сан Франциско каде конкуренцијата во оваа бранша е поголем од што во неговиот роден Вилнус.

На овој потег гледав како на предизвик. Добро е познато дека многумина луѓе сакаат крофни, па затоа сметав на позитивно расположение во моментот кога мојата биографија ќе биде во нивни раце. Среќен сум поради тоа што успеав“, вели Лукас Ила, а пренесува британски Метро.

Промовирани огласи »

Како да се создаде здрава, продуктивна конкуренција на работа, а да се избегнат потенцијално штетните ефекти?

Еве неколку совети:

Нека биде забавно

Работата е по природа конкурента, сите сакаат да бидат најдобри во она што го работат да се истакнат и бидат препознатливи. Но немојте да давате сериозна нота на сево ова, направете го натреварувањето како еден вид забава.

Пратете ги ефектите

Обрнете посебно внимание како се развива конкуренцијата на работното место не само во деловни резултати, но исто така и во човечки односи.  Дали темпераментите се разгоруваат? Дали луѓето се расправаат едни со други или не соработуваат?  Ако конкуренцијата не оди во најдобар ред , направете пауза и разговарајте за проблемите и ако е потребно прекинете го натпреварот.

Натпреварувајте се во тимови

Конкуренцијата помеѓу поединци има потенцијал да тргне наопаку. Во принцип натпреварите во тимови се поздрави и може да поттикнат соработка, а и членовите ќе имаат можност да учат едни од други додека се натпреваруваат.

Охрабрете се во натпреварување со себеси

Фокусирајте се на натпревар на постигнување на “личен рекорд” , а помалку  на натпревар со спротивниот тим.

Фокусирајте се на крајната цел

Интересно е како дел од вработените се возбудуваат околу конкуренцијата и натпреварот и понекош ја забораваат крајната цел и сето тоа резултира со лош квалитет на услугите кои се нудат.

Обезбедете соодветна награда

Наградата за натпревари на работното место може да се разликува во зависност од природата на конкуренцијата, вашиот бизнис и вработените. Некои се задоволуваат со некој трофеј или признание,  други пак сакаат попримамливи награди (бонуси, одмори и сл).

Промовирани огласи »

Kога некој ќе потроши милион евра за уредување на куќа и базен, ако на гаќи троши близу 200 евра, а на чорапи 45 евра, тогаш логично се поставува прашањето од каде се парите.

Баш тоа е она што се запрашаа повеќето читатели кога видоа што поседува Шенки Маслани, попознат како Шенки Версаче, Албанец од Македонија кој е сосема опседнат со модниот бренд.

Бидејќи целата куќа ја уредил во стил на Версаче, ги обележал автомобилите, базенот, мебелот, односно сѐ!

Овој Албанец истакнува дека сите производи кои ги има се оргинални и ги купува во Италија.

За тоа му е потребна сериозна сума пари, а Шенки објаснува дека сето тоа го заработил благодарение на трговијата со автомобили.

Веќе дванаесет години работам, имам добра работа и не ми беше жал да трошам пари на нешто што е некој вид мој знак на распознавање – не крие Маслани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »