Промовирани огласи »

Правната битка меѓу Бернар Тапи и „Креди Лионе“, која трае речиси 25 години, доби конечна разрешница откако Касацискиот суд на Франција одлучи да ја потврди пресудата со која бизнисменот и поранешен политичар треба да и врати на државната каса 404 милиони евра, добиени во 2008 година по „лажната арбитража“ во предметот со банката, јави дописникот на МИА од Париз.

Касацискиот суд, која е највисок жалбен суд во Франција, ја потврди пресудата на Апелацскиот суд во Париз од 3 декември 2015 година, со која поранешниот сопственик на „Олимпик Марсеј“ треба да ја врати целокупната отштета исплатена од тројца судии арбитри во 2008 година, кои посредуваа во решавање на неговиот спор околу продажбата на „Адидас“ со „Креди Лионе“.

Случајот датира од 1993 година, кога Тапи, кој тогашен беше министер во Владата на Франсоа Митеран, одлучи да ги прекине своите деловни активности. Тој реши да го продаде „Адидас“, кој го купи две години порано за 1,6 милијарди франци, при што продажбата и ја довери на „Креди Лионе“. Од продажба на „Адидас“ на Роберт Луис-Драјфус, банката оствари значен профит, без тоа да му го пријави на поранешниот сопственик, кој смета дека е измамен.

„Арбитражата Тапи“ е предмет и на кривична истрага во која обвинителот на Париз побара им се суди на шест протагонисти, меѓу кои и бизнисменто Пјер Eступ и извршниот директор на „Оранж“, Стефан Ришар, кој е поранешен шеф на кабинетот на некогашната француска министерка за економија и актуелен директор на ММФ, Кристин Лагард.

Обвинителството бара на шесте протагонистите од овој политичко-финансиски скандал да им се суди за „организирана измама“, додека на Бернар Тапи за „затајување на јавни фонфови и за соучество во тоа дело“.

Министерството за економија во 2007 година реши да се впушти во приватна арбитража. Арбитражата пресуди во корист на Бернар Тапи, давајќи му чек од 404 милиони евра, од кои 45 милиони за „морална штета“.

Судскаат постапка која беше овторена имаше за цел да утврди дали во арбитражата имало политичко договарање. 

Промовирани огласи »

Вип со големо задоволство најавува збогатување на своето портфолио во фиксните услуги и го воведува пакетот Вип Комбо бокс (Vip Combo Box) со кој корисниците го добиваат најдоброто решение за пристап до брз интернет и фиксна линија дури и во најоддалечените места во Македонија.

Со новиот Вип Комбо бокс, корисниците добиваат уред кој e лесен за користење и има едноставна инсталација, уредот станува функционален со едноставно приклучување во струја.   

Дополнително со Вип Комбо бокс корисниците ја имаат можноста да изберат меѓу пакетите со две, три или четири услуги и да уживаат во неограничен интернет и неограничени разговори во фиксна и мобилна телефонија и во до 50 ТВ канали по најатрактивни цени на пазарот.

„Вип Комбо бокс е совршен избор за сите корисници кои сакаат брз интернет и фиксна телефонија за својот дом и за сите оние кои летните денови ги поминуваат во викендички, дури и за оние кои имаат потреба од брз интернет на своето работно место. Со Вип Комбо бокс интернет е достапен не само во урбаните , туку и во руралните средини, а едноставниот начин на приклучување и користење го прави овој производ уште поатрактивен. Ние во Вип секогаш им нудиме повеќе на нашите корисници, а со нашиот Vip Combo Box ги исполнуваме барањата и потребите на корисниците за слободна и неограничена комуникација по најдобра цена“, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

За месечна претплата од 499 денари корисниците го добиваат Вип Комбо бокс 2 со неограничен брз интернет и можност за фиксен телефон. Со Вип Комбо бокс 3 за месечна претплата од 799 денари корисниците добиваат неограничен брз интернет, неограничени раговори кон сите фиксни национални мрежи и телевизија со до 50 ТВ канали. Со Вип Комбо бокс 4 корисниците ја добиваат можноста да искомбинираат четири услуги и да добијат дополнителен попуст!

За повеќе информации јавете се на 077 1234 или прочитајте на www.vip.mk

Промовирани огласи »

Околу 82% од милионерите сметаат дека глобалното опкружување никогаш не било со повеќе предизвици од сега, а 51% веруваат дека уште повеќе ќе се збогатат. 

Истражувањето на UBS Wealth Management покажува дека некои милионери имаат голема самодоверба, а други се загрижени. 

Опфатени беа милионери од седум земји и тоа Мексико, Јапонија, Сингапур, Италија, Швајцарија, Хонг Конг и Велика Британија. 

Од нив најзагрижени се Мексиканците. 

56% од сите милионери стравуваат за своите долгорочни цели. 

Младите милионери се повеќе загрижени од старите. 

75% сметаат дека готовината е добар начин да се зачува вредноста на парите и се плашат од инфлација. 

Промовирани огласи »

Динарот е валута која почнала да се користи уште во Кралството на СХС од 1920 година. При тоа државите се менувалеа, но не и валутата наречена динар.

Динарот се користи во Кралството Југославија, социјалистичка Југославија и Сојузна Република Југославија. Имињата на земјите се променија, но не и динарот, кој има стекнато култен статус и е “југословенски” и престана да биде кога тој е заменет со српскиот динар на Србија и еврото во Црна Гора – односно откако поранешна Југославија се распадна.

Во 1985 година доаѓа нова серија на банкноти, која започна со воведување на 5.000 динари со ликот на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.

Ова е најголема досега издадена државна банкнота, која беше долгоочекувана и предизвика бура во јавноста, а тоа продолжува и денес – не заради својата вредност, но поради грешката која на почетокот никој не ја забележал. Имено, со ликот на Тито влегува годината на неговото раѓање и смртта. Но, наместо 1892 – 1980, на книжната банкнота е отпечатено 1892 – 1930. Што значи Тито починал пред 50 години.

Она што е интересно е дека дури и по забележаната грешка, банкнотите не биле повлечени од оптек. Според тогашниот генерален директор на Институтот за производство на пари од 14 милиони печатени банкноти, само 4 отсто од нив имале грешка. Ова значи дека дефектот е на околу 560 илјади банкноти. Но, според меѓународната регулатива држава која има повеќе од еден процент на отпечатени хартиени банкноти со забележлива грешка, ќе треба да ги повлече сите пари од таа серија од промет.

Невалидната година на смртта Тита не е само грешка кај оваа банкнота. Имено официјално не е соопштен ниту датумот кога таа се пушта во промет, како и појавата и опис на банкнотите што беше сосема различно од она што беше објавен во службениот весник на СФРЈ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »