Промовирани огласи »

Ако размислувате за лесна сезонска работа преку лето на која можете постојано да заработувате, ова дефинитивно е работа за вас. 

Се што треба е да лежите во ладно и да берете јагоди, додека вас тракторот полека ве влече. 

Дневницата за оваа работа е околу 2000 динари.  Се бараат работници повеќе од порано. Како негативна работа од сезонската работа на нива се спомнува тоа што работниците по цел ден се на сонце. 

Промовирани огласи »

НАПРЕДНА КОМУНИКАЦИЈА ЗА УСПЕХ НА СЕКОЕ ПОЛЕ

Истражувањата велат дека луѓето кои се успешни во која било сфера од животот, тоа го постигнале во голем дел и со усовршена комуникација.
-   Научете и извежбајте ги главните фактори во напредната, влијателна и харизматична комуникација (еден-на-еден, групна динамика, други прилики, било да се од сферата на професионален ангажман, како продажба или менаџирање, или во љубовни врски и пријателства, семејни односи или запознавање нови луѓе)
-   Проектирајте самоуверен личен и професионален имиџ
-   Научете како вашите идеи да бидат полесно прифаќани, вашата комуникација да има влијание и да предизвика дејство 
-  Дознајте и затворете ги „слабите точки“ во вашата комуникација,  испраќајте попрецизни и појасни пораки
-   Научете да ги „читате“ луѓето: Распознајте ги различните типови и состојби на личностите и како да комуницирате со секој од нив 
-   Ослободете се од стресот што го произведуваат некои „тешки“ ситуации
- Овозможете си повеќе задоволство во работата и поголемо чувство на реализираност на секое поле.

ИНСПИРИТ повторно ја организира уникатната, применлива и моќна обука за комуникација, во којашто, со тројца врвни и искусни тренери и коучеви, имате можност да го добиете следното:

  • Усовршување на процесот и вештините на комуникација во приватни и деловни ситуации;
  • Комбинација од пристапи како емоционална интелигенција, невро-биологија и лингвистика (https://en.wikipedia.org/wiki/Neuro-linguistic_programming),
    Personal Strengths (www.personalstrengths.mk)
  • По завршувањето на обуката, учесниците ќе бидат способни:


А) да го разбираат целиот процес на комуникација (еден-на-еден, групно)

Б) да ги препознаваат своите внатрешни состојби, шеми/програми на размислување, вредносниот систем што ги мотивира, како и вредностите и програмите на размислување на соговорникот

В) да ги применуваат зборовите и говорот на телото на најсоодветен начин за ефективна комуникација

Г) да ги препознаваат нијансите во реакциите на соговорникот и соодветно на тоа да ја модифицираат својата комуникација, со цел постигнување на своjaта намера и почитување на другата страна
 
Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и оброци.

Секој учесник добива:

  • работни материјали,
  • сертификат за учество,
  • меѓународен личен профил по Personal Strengths, со упатства.

 
Групата е ограничена на 10 учесници.
Котизација: 5900 ден. + ДДВ

Локација: ИНСПИРИТ Коучинг
Адреса: ул. Гиго Михајловски бр.9А/2
(позади Симпо на ул. Партизанска)
 
Агенда:
Среда, 07.06.2017 (12:00 – 16:00) – Вовед, клучни фактори и процесот на комуникација
Четврток, 08.06.2017 (12:00 – 18:00) – Улогата на емоциите во комуникацијата
Петок, 09.06.2017 (12:00- 17:00) – Personal Strengths – типови на мотивациски системи
 
 
Пријавување на: [email protected], Ана Јорданоска: 070/ 944 179.
Пријавувањето е до 01.06.2017 заради пополнување и обработка на меѓународниот личен профил.

За тренерите:
 

1.  Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран тренер за SDI (Personal Strengths), мастер тренер за комуникација и квалитет на услуга од Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн, сертифициран коуч за раст на бизнис и други методологии. Таа е магистер по деловна економија со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, рекламирање, комуникации, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, ја фокусира нејзината работа со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси во насока кон раст на бизнисот и на поединецот.

2.  Зорица Поповска е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Таа е магистер по менаџмент со човечки ресурси, со огромно искуство во водење тимови и организирање и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа е поддршка на човековиот развој и откривање на скриените потенцијали и извонредноста на индивидуите во брзото комплексно живеење. Нејзиното искуство како менаџер и обучувач во финансискиот и осигурителниот сектор вклучува голем број реализирани обуки од доменот на лични вештини и продажба.
 

3.  Коста Карпузовски е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој еи нженер по Електроника и Телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерски квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија.

Промовирани огласи »

Во обид да се откажат луѓето од пушењето, строгите прописи за обликот и бојата на кутиите на цигарите во Велика Британија ќе отпочнат да се применуваат во недела.

Според новиот закон, сите цигари ќе се продаваат во стандардизирани пакети кои ќе бидат во зелена боја, која претходно истражувачите ја опишаа како “најгрдата боја во светот”, специјално направена за луѓето за да се откажат од пушењето, пишува британскиот весник Индепендент.

Предупредувања за штетните ефекти од пушењето врз здравјето, вклучувајќи и фотографии на заболени органи меѓу пушачите, ќе треба да покрие 65 проценти од површината на пакетите, кои ќе бидат исти за сите цигари, со единствената разлика што се појавува името на брендот.

Новиот закон, исто така, обезбедува дека во пакетите треба да има минимум 20 цигари, што значи дека пушачите нема да бидат во можност да купат поевтини пакувања од 10 цигари. Тутунска компанија Филип Морис, која го произведува Марлборо е обвинет за обид да ги избегне новите прописи за дистрибуција на пакети со калај кутија, која исто така изгледаше како обичен пакет, но со 10 цигари, пренесува Гардијан.

Првата фаза на стандардизацијата на кутиите со цигари започна во мај минатата година, тогаш на компаниите им беше даден извесен период на прилагодување и да се потрошат старите пратки на цигари. Се проценува дека пушењето предизвикува прерани смртни случаи на 700.000 луѓе годишно.

Промовирани огласи »

Поради политичките збиднувања во Вашингтон, доларот падна на светските берзи. Неговата вредност е најниска за период од шест месеци.

Еврото скокна за 2.5% во однос на доларот односно изнесуваше  1,1205 долари. Во однос на јапонската валута, доларот ослабна за 1.8% и се тргуваше за  111,25 јени.

Се смета дека овој пад се должи на низата скандали и лоши одлуки на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Од друга страна еврото доби „ветер во грб“ откако во Франција на претседателските избори победи Емануел Макрон.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »