Промовирани огласи »

Лондон е на првото место на листата на градови со најскап јавен превоз, со оглед на тоа што за таа услуга месечно е потребно да се издвојат импресивни 150 евра.

Анализирајќи ги трошоците на животот во големите светски градови според статистиката на интернет страницата Expatistan, Business Insider направи листа на градови со најскап јавен превоз и колкав буџет е потребен за неговото користење.

Петнаесет градови со најскап јавен превоз:

Лондон, 155 евра

Даблин, 116 евра

Окланд, 109 евра

Њујорк, 106 евра

Токио, 98 евра

Амстердам, 96,4 евра

Сиднеј, 96,1 евро

Цирих, 96 евра

Мелбурн, 93 евра

Торонто, 91 евра

Чикаго, 90 евра

Велингтон, 89 евра

Стокхолм, 80 евра

Франкфурт, 78 евра

Берлин, 77 евра

Промовирани огласи »

Досетливи свадбари во изминатиот период, откако е пуштена во промет банкнотата од 2.000 денари, си играат мајтап со музичарите што ги забавуваат гостите на свадбените забави.

Со цел да заштедат на бакшиш, но и да се покажат пред сватовите, голем број од гостите се почесто изработуваат фалсификат банкноти, односно ги копираат на обичен штампач, и во долниот дел им допишуваат – Среќен брак.

Потоа со истите, нарачуваат песни, а музичарите понесени од атмосферата, во целата гужва, дури откако ќе си заминеле дома, при пребројувањето на бакшишот, ја забележувале измамата.

Бевме на приватна забава во еден локал во внатрешноста, се славеше ергенска вечер. Во тек на забавата, некој од расположеното друштво ни ги подметнал фалсификуваните банкноти, најверојатно како дел од невкусна шега, и ги забележавме дури кога завршивме со настапот.

Сето ова е доста навредливо и понижувачки за нас, музичарите, кои се трудиме на гостите да им овозможиме незаборавна забава” – ни раскажа музичарот Тони Наумов од Бумбари Бенд.

Тој не е единствениот кој што завршил со фалсификуван бакшиш. И многу други негови колеги имале слично искуство, но велат дека се срамат јавно да го кажат тоа.

Ваквите изненадувања се случуваат често, па колегите нека отворат добро очи. Воопшто не е смешно, ниту пак забавно, туку е доста потценувачки за музичарите, кои се обидуваат чесно да заработат.

Ако некој сака да биде ѕвезда на свадба и да импресионира со лепење на бакшиш, нека го прави тоа како што е редот, а не со безвредни парчиња хартија – велат колеги на Наумов.

Извор - Фокус

Промовирани огласи »

По повеќе од два месеци од филмскиот грабеж во НЛБ Тутунска Банка во Скопје, од каде осомничениот вработен 40- годишен Бобан С. среде бел ден успеа да изнесе од банката 2 милиони франци и 270.000 евра, полицијата не открива дали има некаква трага  за тоа  каде се украдените пари.

Редакцијата на МКД.мк  на 11 мај писмено се обратила до МВР за да добие одговор, дали е најден некаков доказ кој може надлежните да ги одведе до украдените пари или дали евентуално се најдени парите?

Еден месец по  испратено прашање од МВР одговрија, дека согласно законот, одговорот на прашањето кое го побарале е тајна.

“Во врска Вашето барање кое се однесува на кривично правен настан случен во НЛБ Банка АД на ден 10.04.2017 година , ве известуваме дека согласно тајност на предистражна постапка чл.289 од Законот за кривична постапка ,односно сите дејствија преземени од страна на полицијата или ЈО се сметаат за тајна,поради што не можеме да ви доставиме дополнителни податоци”, ни одговорија од МВР.

Филсмкиот грабеж во НЛБ Тутунска банка го пријави директорот на банката. По настанот осомничениот Бобан С. беше приведен и по барање на Обвинителството му беше определен 30-дневен притвор.  

Од Основното јавно обинителство Скопје велат дека истрагата за овој настан е во тек. 

Промовирани огласи »

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев предложи создавање на светска криптовалута со цел да се избегнал би се избегнале валутните војни.

Дојде време да се разгледа прашањето за воведување на меѓународна валута. Тоа ќе овозможи светот да се спаси од валутните војни, шпекулации, да се избегнат несогласувањата во трговските односи, намалување на нестабилноста на пазарот, изjави Назарбаев.

Според Назарбаев, оваа валута треба да се базира на едноставен механизам на емисија која ќе ја контролираат само нејзините потрошувачи.

Имајки ја предвид дигитализацијата, развојот на нови технологии, како што е „блокчејн“ (blockchain), може да се создаде платежна единица како криптовалута. Важно е таа да не се базира на апстрактна доверба, туку за неа да се обезбеди конкретен имот, наведе Назарбаев.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »