Специјалист за продажба на ИТ Опрема (Хардвер)

EVI International Trade e фирма која 27 години постои на пазарот во Македонија за дистрибуција и сервис  на фотокопир апарати,принтери и др. ИТ Опрема за брендот KONICA MINOLTA и OKI.Поради проширување на портфолиото и зголемување на обемот на работа,фирмата има потреба од вработување на специјалист за продажба на ИТ Опрема (Хардвер).

 

Главни задачи и одговорности:

-Продажба на информатичка опрема (хардвер) и услуги

-Развој на дедицираниот бренд/продуктна линија

-Поддршка и менаџирање на постоечките партнери и клиенти

-Стекнување на нови партнери и клиенти и градење на позитивни релации кои ќе генерираат продажба

-Следење на состојбата на пазарот и конкуренцијата како и унапредување на продажбата,со предлог решенија како да се подобри позицијата на брендот/продуктната линија.

-Организирање на маркетинг кампањи

-Административни одговорности

Барања за определената позиција:

-Високо образование во областа на ИТ, ќе се смета за предност технички или економски науки.

-Задолжително познавање на Англиски Јазик

-Поседување на возачка дозвола

-Комуникациски и презентациски вештини како и способност за тимска работа.

-Задолжително познавање на Microsoft Office

-Комуникативност,флексибилност и подготвеност за континуирано усовршување

-За предност ќе се смета претходно работно искуство во продажба од минимум 2 години.

 

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови,испратете мотивационо писмо со

кратка биографија  на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост,само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »