УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” објавува ОГЛАС за работа на ЕРАЗМУС+ проект во меѓународна соработка и студентска размена со ЕУ универзитети.
Потребно е да се достават следниве документи:
- кратка биографија со фотографија
- копија од диплома и уверение за положени испити
- потврда за работно искуство со препорака
Ангажирањето е за определен временски период.
Заинтересираните кандидати потребните документи да ги достават на е-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Кандидатите кои ги исполнуваат условите ке бидат повикани на интервју.
Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
- завршено високо образование, Филолошки факултет, група англиски јазик со или без завршен втор циклус на студии;
- работно искуство од најмалку 3 години, работа на меѓународни проекти или искуство во меѓународна соработка со владини и невладини организации;
- способност за кореспонденција и комуникација со партнери во земјата и странство
Веб сајт: www.ukim.edu.mk
Отворени се 2 работни позиции.
Краен рок за аплицирање: 1 септември 2018
Слични огласи »