Промовирани огласи »

Американскиот синџир за брза храна McDonald’s ќе го продаде контролниот уред од својот бизнис во Кина и во Хонгконг за 2,08 милијарди долари на кинеско-американски конзорциум.

Конзорциумот е составен од државната компанија Citic и американскиот инвестициски фонд Carlyle, кои ќе купат 80% од уделот, додека McDonald’s ќе задржи една петтина од сопственоста. Планот вклучува и отворање повеќе од 1.500 ресторани во текот на идните години во помали кинески градови.

Citic, Citic Capital Holdings, Carleyle групацијата и McDonald’s ќе основаат компанија која ќе работи како франшиза на синџирот во континтентална Кина и во Хонгконг во текот на наредните 20 години. Договорот е дел од планот на McDonald’s да го промени начинот на работа на странските пазари со оглед на тоа дека компанијата се соочува со забавен раст.Се наведува дека целта на оваа купопродажба е зајакнување на присуството меѓу кинеските потрошувачи, „кои треба да станат главен двигател на кинеската економија во годините коишто следуваат“.

Промовирани огласи »

Сопственикот на фирмата КМН од Чачак, Србија Милоје Стевановиќ во 90-те предвидел дека многу фирми ќе се распаднат и затоа решил да основа свој бизнис. 

Одлучив во склад со моите скромни средства да основам трговска фирма во 16.5 квадрати со околу 200 артикли. Тогаш во нашето семејство бевме четири членови и почетните букви од имињата беа КМН. Сопругата е Нада, а ќерките се Катерина и Марија. Тоа К ми е графички дуплирано заради мене - вели тој. 

Тој и сопругата работеле макотрпно. Цели 12 години работеле во 3 смени и не го затворале дуќанот, дури и за време на бомбардирањето тие работеле. Од мала продавница почнале и прераснале во маркет со 12.000 артикли. 

Потоа купивме стара куќа во центарот на Чачак и полека ја претворавме во нов дуќан, но и место за производство. Дојдовме на идеја на нашите презафатени клиенти да им понудиме исхрана на автохтон начин. Почнавме да отвораме работилници во кои подготвувавме храна како што тоа го правеле нашите стари за празници и слави. Без адитиви, без конзерванси, без хемија,  без лага и измама. Тоа луѓето го препознаа и почна да оди како алва - објаснува Стевановиќ. 

Потоа почнале да работат и во месарска работилница, правеле салати, топли предјадења. 

Секој ден правеле по 400 видови јадења. 

Околу 500 селски домаќинства за нив прават врвна храна. 

На Стевановиќ му успеа тоа што на други не им успеа во Србија, да направи фирма во која 3 генерација ја учи работата. 

Во Белград отвориле продавница - ресторан каде за 10 часа купуваат 1.000 купувачи. 

Во последните 5-6 години фирмата многу им напреднала, со вложен труд на неговите деца, сопругата и зетовците. 

Стевановиќ објаснува дека за бизнис не е пресуден капиталот, туку знаењето и волјата за работа. 

На другите им порачува ако имаат идеја, да не се откажуваат и никогаш не е доцна. 

Промовирани огласи »

Словенија спаѓа меѓу државите од Европската унија со најголем раст на трговијата на мало, покажуваат податоците на агенцијата на ЕУ за статистика Еуростат.

Обемот на трговија на мало се намалил во ноември на подрачјето на еврозоната во однос на октомври за 0,4 проценти, а во цела ЕУ за 0,1 проценти.

Според податоците на Еуростат, продажбата во однос на минатогодишниот ноември во државите на еврозоната зајакнала за 2,3 проценти, а во ЕУ за 3,4 проценти.

Словенија на месечно ниво забележала раст на продажбата на мало за 1,4 проценти, а годишниот раст изнесувал 11,3 проценти.

Меѓу членките на ЕУ Еуростат наведува дека најголемиот месечен пад на обемот на трговија на мало бил забележан во Германија, Австрија, Португалија и Данска, а најмал во Луксембург, Естонија, Романија, Словачка и Словенија.

На годишно ниво најголем раст на трговијата е забележан во Луксембург, Словенија и Романија, додека најголем пад на продражбата бил забележан во Белгија.

Промовирани огласи »

Минатиот месец ги објавивме најдобрите компании за работа во САД во 2016 година, според истражувањето на американскиот сајт за кариери Glassdoor, кој ги собира и анализира податоците обезбедени од страна на вработените за работните услови во претпријатијата.

Сега ви ги претставуваме најдобро платените работни места во овие компании. Во нив може да заработите повеќе од 100 илјади долари годишно.

Повеќето од овие места бараат најмалку 5 години работно искуство. Исклучок прават техничките позиции за кои компаниите се подготвени да платат повеќе. Еве ја комплетната листа:

11. Продукт менаџер, Genentech – 112 204 долари

10. Програмски менаџер, Texas Instruments – 115 570 долари

9. Бренд менаџер, Nestle Purina Petcare – 120 277 долари

8. Дизајнер, Intuit – 123 149 долари

7. Менаџер за снабдување, Apple – 129 365 долари

6. Виш аналитичар, Forrester – 133 034 долари

5. Продукт менаџер, Adobe – 132 564 долари

4. Научник на податоци, Facebook – 133 768 долари

3. Маркетинг менаџер, The Clorox Company – 142 286 долари

2. Научник истражувач, Google – 145 220 долари

1. Менаџер за продажба, McKinsey & Company – 175 514 долари

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »