Промовирани огласи »

Дефинитивно ова е видео кое ќе ве насмее и ќе ви го разведри расположението на почетокот од оваа недела! Животот е навистина убав доколку ги цениме сите моменти од него. Оваа жена зрачи со харизматичност, погледнете што ја прави насмеана цело време?

Промовирани огласи »

Punkufer.hr ги објави градовите каде  можете евтино да поминете ако се забавувате, ручате или излезете навечер. 

Патувањето само по себе, не е евтино, но има градови кои се многу поевтини од другите.  ако се забавувате, ручате или излезете навечер. 

Најевтини се:

1. Лусака, главниот град на Замбија кој нема многу туристи, а оние кои доаѓаат одат на сафари

2. Бангалоре, ова е најевтин и најкосмополитски град во Индија 

3. Мумбаи, град за кој последниве години туристите покажуваат интерес

4. Карачи во Пакистан нема туристи, но може многу да понуди за малку пари

5. Ченаи, град во Индија во кој со малку пари ќе бидете како цар

6. Алжир е евтин град, но има висока стапка на криминал

7. Алмати во Казахстан е евтин град кој нема многу туристички посети 

8. Њу Делхи, град на паркови и музеи 

9. Каракас во Венецуела е несреден, загаден, но е евтин 

10. Дамаск, никој нема да го посети заради војната 

11. Букурешт важи за најевтин град во Европа 

12. Преторија во Јужноафриканската република е град полн со студенти 

13. Техеран, има музеи, чудесна архитектура, но има строги закони

14. Катманду во Непал не е скап град

15. Киев, погоден е за љубители на цркви

16. Санкт Петербург, на секој чекор имате приказни од минатото

17. Лагос во Нигерија не е на мапата на туристи

18. Јоханесбург, тој е еден од најмодерните градови во Африка 

19. Аунсион, град кој доживува туристички бум

20. Рио Де Жанеиро, нуди добри цени и квалитет

Промовирани огласи »

Сумата на вашата плата е важен дел од работењето и игра голема улога во тоа колку ќе заштедите во месецот. Ова се неколку начини како да ја договорите вашата плата на интервјуто за работа кое ви следува:

1. Истражете

Најдобро е пред да одите на интервју, да бидете целосно запознаени за каква компанија станува збор. Распрашајте се во кои рамки се движат платите на вработените и колку се задоволни истите. Во меѓувреме, добро е да направите мини истражување за тоа како се движат платите за вашата професија во вашиот регион и странство.

2. Најпрво разговарајте за обврските

Кога веќе го направивте мини истражувањето за компанијата, ќе се чувствувате многу подобро и похрабро пред работодавецот. Секогаш најпрво разговарајте за она што ќе се очекува од вас и какви ќе бидат вашите обврски. Задолжително детално разговарајте за временските рамки во кои би биле задолжени и каков тип на обврски ќе ви бидат доделени. Дури по ваков разговор ќе може добро да се подготвите и да предложите сума која се однесува на плата.

3. Секогаш истакни ги твоите специфични знаења и особини

Кога се разговара за плата, најпрво најдобро е да понудите што ќе покажете за да бидете соодветно платени. Јасно наведете ги способностите и вештините кои ги имате а истите ретко се среќаваат кај други луѓе - на овој начин ќе ја стекнете довербата кај работодавецот од прв момент.

4. Не е само платата, разговарајте и за другите бенефити кои ви следуваат

Многупати, се заборава да се поразговара за другите бенефити кои ќе ги имате кога ќе ја добиете новата работна позиција. Не заборавајте дека платата може да зависи и од она што го добивате дополнително. На пример некои компании ќе понудат нешто пониска плата, меѓутоа за сметка на тоа ќе ви овозможат флексибилно работно време, повеќе слободни денови во текот на годината, користење на службен автомобил и слично. Вреди да се размисли и на овие аспекти, зар не?

Промовирани огласи »

Директорот на Microsoft Сатја Надела му одговори на новоизбраниот преседател на САД, Доналд Трамп во врска со повикот до локалните компании за задржување на работата во таа земја.

Тој порача дека софтверска компанија би можела да ја продолжи својата визија без никакво влијание на домашната работна сила. Говорејќи на DLD технолошката конференција во Минхен, Надела објасни дека Microsoft е веќе еден од најголемите работодавци во САД, па така нема потреба да се грижат поради промените кои Трамп вети дека ќе ги воведе.

Ние сме компанија со седиште во САД која вработува во целиот свет, а нашата доминантна вработеност е токму во САД. Ние веќе создадовме голем број на високо платени работни места во САД. Ако ништо друго, допринесуваме за она што секогаш сме го сметале за цел, а тоа е да бидеме одговорна американска компанија која одговорно работи во САД, но исто така и мултинационална компанија, која придонесува за секоја земја во која работи  - вели Надела.

Во серијата твитови кои Трамп ги постави на 15-ти јануари, тој ја повтори својата намера во врска со убедувањето на американските компании да ги задржат своите работни места во земјата и помалку да се фокусираат на странските активности.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »