Промовирани огласи »

Некои имаат голема шанса во животот да го претворат своето хоби во работа. Повеќе од добар пример за ова е Кен Гросман, кој од аматерски домашна пиварница успева да направи пивска империја и да заработи милијарди од тоа.

Тој почнува да го флашира својот ејл Pale Ale во 1980 година. Денес неговата Sierra Nevada Brewing Company е третиот најголем производител на крафт пиво во САД и седмиот по големина на пазарот во земјата, пишува CNN Money.

За овие 36 години Гросман собрал богатство, пресметано на 1,1 милијарди долари. Тој успева да ја направи оваа состојба благодарение на порастот на крафт пивото во последниве години.

Денес во САД овие пиварници се повеќе од било кога, а годишните продажби изнесуваат околу 22,3 милијарди долари и претставуваат грубо околу 12% од пазарот на пиво во земјата. Само во 2015 година, пиварите се зголемиле за 15%, и нови 620 ја отвориле вратата, а 68 престанале да работат.

За овој сектор обемот на Sierra Nevada е навистина импресивен. Годишно двете пиварници на компанијата произвеле 1,2 милиони барели пиво.

Минатата година тие успеале да произведат околу 200 различни видови пиво, а нивната продажба се зголемила за 17,2%. Сеуште Pale Ale останува најпопуларниот нивни производ, и од него доаѓаат половина приходи.

Промовирани огласи »

Кога Сергеј Брин го создал Google како студент во „Стенфорд“, воопшто не замислувал дека компанијата ќе стане толку успешна. Веројатно не си претставувал уште дека ќе биде портпарол на Светскиот економски форум во Давос во 2017, каде Alphabet - компанијата-мајка на Google - ќе биде дефинирана како „една од четирите светски сили“.

Иако глобалната доминација на неговата фирма, Брин скромно придава многу од постигнувањата на среќа. „Ако ви кажам за сите глупави работи кои сум ги правел, ќе ни треба подолга сесија. А успесите - тие се должеа на шанси - изјави тој во Давос.

Брин охрабрува експерименти и иновации, но кариерата  го научила дека е невозможно да предвидиш иднината. Затоа е внимателен со прогнозите.

Еволуцијата на технологијата може да биде хаотична. Денес имаме вредности и желби, кои се многу различни од оние пред индустриската или аграрната револуција. И затоа се развиваме - додаде претприемачот.

Се надевам дека - бидејќи многу дневни активности веќе се вршат од технологијата - луѓето ќе најдат покреативни и значајни начини да го трошат времето - рече уште Брин. Би сакал да ги повикам младите луѓе да ги искористат шансите и да ги следат своите соништа. Како и да го задушуваат внатрешните гласови кои им велат дека има уште илјадници луѓе кои го прават истото како нив.

Промовирани огласи »

Дефинитивно ова е видео кое ќе ве насмее и ќе ви го разведри расположението на почетокот од оваа недела! Животот е навистина убав доколку ги цениме сите моменти од него. Оваа жена зрачи со харизматичност, погледнете што ја прави насмеана цело време?

Промовирани огласи »

Punkufer.hr ги објави градовите каде  можете евтино да поминете ако се забавувате, ручате или излезете навечер. 

Патувањето само по себе, не е евтино, но има градови кои се многу поевтини од другите.  ако се забавувате, ручате или излезете навечер. 

Најевтини се:

1. Лусака, главниот град на Замбија кој нема многу туристи, а оние кои доаѓаат одат на сафари

2. Бангалоре, ова е најевтин и најкосмополитски град во Индија 

3. Мумбаи, град за кој последниве години туристите покажуваат интерес

4. Карачи во Пакистан нема туристи, но може многу да понуди за малку пари

5. Ченаи, град во Индија во кој со малку пари ќе бидете како цар

6. Алжир е евтин град, но има висока стапка на криминал

7. Алмати во Казахстан е евтин град кој нема многу туристички посети 

8. Њу Делхи, град на паркови и музеи 

9. Каракас во Венецуела е несреден, загаден, но е евтин 

10. Дамаск, никој нема да го посети заради војната 

11. Букурешт важи за најевтин град во Европа 

12. Преторија во Јужноафриканската република е град полн со студенти 

13. Техеран, има музеи, чудесна архитектура, но има строги закони

14. Катманду во Непал не е скап град

15. Киев, погоден е за љубители на цркви

16. Санкт Петербург, на секој чекор имате приказни од минатото

17. Лагос во Нигерија не е на мапата на туристи

18. Јоханесбург, тој е еден од најмодерните градови во Африка 

19. Аунсион, град кој доживува туристички бум

20. Рио Де Жанеиро, нуди добри цени и квалитет

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »