Промовирани огласи »

Кинескиот милијардер и сопственик на компанијата „Алибаба“, Џек Ма предупреди дека војната ќе почне тогаш кога ќе престане трговската размена.

Говорејќи во Мелбурн на отворањето на седиштето на „Алибаба“ за Австралија и Нов Зеланд, Ма рече дека сите се загрижени поради „трговските војни“.

Доколку престане трговијата, почнува војната - нагласи кинескиот милијардер.

Ма, кој минатиот месец се состана со американскиот претседател Доналд Трамп  вети дека неговата комапнија ќе помогне во создавање на милион работни места во САД.

Промовирани огласи »

За неколку месеци доколку сон ви беше да патувате во Доха, ќе може да го исполните.

Имено, од 17 јули ќе може да патувате директно од Скопје до Доха, бидејќи авиопревозникот Катар ервејз ги потврди редовните летови на релација Скопје – Доха – Скопје. 

Според најавите на надлежните цените би биле поволни.

Министерот Владо Мисајловски потенцира дека остануваат на истиот курс, со иста политика, а тоа е привлекување на нови авиокомпании што ќе понудат нови дестинации со пристапни цени на билетите

Од ТАВ Македонија најавија преговори и со германската нискобуџетна авиокомпанија Еуровингс за воведување на две нови линии од аеродромот „Александар Велики“ при што се можни нови линии на релациите Скопје – Минхен – Скопје и Скопје – Дизелдорф – Скопје.

Промовирани огласи »

Град Скопје воведe бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје се до моментот на намалување на аерозагадувањето.

Превозот, како што соопшти скопскиот градоначалник Коце Трајановски, ќе биде бесплатен се додека аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво. 

Град Скопје заедно со општините ќе ја интензивира контролата на градилиштата и  ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари.

Овие мерки и препораките кои ги донесе Трајановски се во согласност со Законот за намалување на амбиенталниот воздух и во рамки на ингеренциите што ги има како градоначалник на Град Скопје.

Трајановски  апелира до вработените во Град Скопје да доаѓаат на работа со автобус и службените возила да ги користи исклучиво градскиот инспекторат.

Доколку дозволат временските услови Град Скопје ќе продолжи да ги прска градските улици со средството калциум магнезиум ацетат. 

Град Скопје и јавните градски претпријатија ќе ги ослободат од работа лицата над 60-годишна возраст, лицата со хронични заболувања и бремените жени.  

Скопскиот градоначалник побара од Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите за почитување на забраната за движење тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Град Скопје и да се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.

Овие мерки и препораки ќе важат се до надминување на настанатата ситуација со загадувањето на воздухот, односно до намалување на загадувањето под прагот на алармирање - нагласи Трајановски. 

Промовирани огласи »

Најголемата германска банка, „Дојче банк“ (Deutsche Bank) со цела рекламна страница во весниците се извини за своите неправилности во работата, што компанијата ја чинеа загуби во милијарди евра, пренесоа американските медиуми.

Извинувањето, потпишано од главниот извршен директор, Џон Крајон, се појави во саботните изданија на германските весници, вклучувајќи ги и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и минхенски „Зиддојче цајтунг“.

Банката признава дека нејзиното однесување во минатото „не само што не чинеше пари, туку и нашата репутација и доверба“.

Во текот на декември минатата година „Дојче банк“ во вонсудска спогодба со американското Министерство за правда прифати да исплати 7,2 милијарди долари заради договори со нетранспарентни обврзници, гарантирани со хипотекарните заеми од 2005-2007 година. Загубите со таквите хартии од вредност придонесоа за избувнување на светската финансиска криза, потсетуваат американските медиуми.

Другите случаи на прекршувања на работењето на банката ги вклучува манипулациите со водечките каматни индекси и перењето пари, поврзани со Русија.

Во платената рекламна порака компанијата вети дека: „Ние во управниот комитет и раководството на банката ќе направиме се што е во наши сили за да го спречиме повторувањето на ваквите случаи“

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »