Промовирани огласи »

Дизајнерот John Collins во 2012 година дошол на идеја да направи авион од хартија со кој ќе го сруши светскиот рекорд за најдолг лет.

Тоа и му успеа. Неговиот авион летал 68,8 метри. Претходно имал направено уште стотици други авиони, кои не отишле толку далеку. Collins им објасни на студентите на Харвард како успеал да го направи авионот рекордер.

Погледнете и обидете се и вие:

А неверојатниот лет за светски рекорд погледнете го тука:

Промовирани огласи »

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) информира дека вчера на 87-годишна возраст почина Мајк Илич,  еден најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на организацијата. Мајк Илич (Илиевски) кој важеше за најбогатиот Македонец во светот, починал вчера во локалната болница во Детроит.

Списанието „Форбс“ во листата на најбогати лица во светот за 2016 година, оцени дека тој се наоѓа 86 место меѓу 400 најбогати Американци, како и дека од регистрираните 298 милијардери во светот, тој е на 101 место, како милијардер од САД. Неговото богатство беше оценето на шест милијарди долари.

Мајк Илич (односно Мајк Илиевски, по татково презиме), е роден во САД, а по потекло е од Македонија. Роден е 1929 година како прва генерација од децата родени во САД на Македонците Сотир, занаетчија и Султана, домаќинка.

Тој и неговата сопруга Маријан се една совршена американска успешна приказна. Со своите скромни почетоци во градот Детроит, покажаа што може да се случи со напорна работа и посветеност. Тие се покажаа како вистински визионери за градот Детроит, и модели во американското општество, но секогаш горди, и никогаш не заборавајќи ги своите македонски корени и проблемите на македонскиот народ. Во пораката до  Маријан Илич, како и до семејството Илич, претседателот и ко-основач на ОМД, Методија А. Колоски, напиша: „Моето срце сочувствува со вас поради загубата на г-дин Илич – легенда, столб, добронамерник, хуманист, горд на своите македонски корени, и одличен граѓанин – посветен на семејството, градот Детроит, Мичиген и пример за сите нас! Нека почива во мир!”

Мајк Илич беше сопруг на Маријан Илич, неговиот партнер во животот и бизнисот цели 61 година. Тие имаат седум возрасни деца Денис (Џим Scalici), Рон, Мајкл Џуниор (Ноел), Лиза (Glenn Murray), Атанас (Пети), Кристофер (Kelle), Керол, 22 внуци и три правнуци.

На 8 мај 1959 година Илич ја отвори својата прва пицерија Малиот Цезар во Гарден сити, Мичиген. Токму таа прва пицерија прерасна во најголемиот пица синџир во светот, со ресторани во 20 земји. Успехот на ланецот Малиот Цезар, му овозможи на Илич инвестиции во други бизниси за храна, спорт и забава. Сите бизниси се со седиште во Детроит и ќе продолжат да работат како семеен бизнис, предводени од претседателот и извршен директор на Илич холдингс, Кристофер Илич.

Компаниите Илич имаат 23.000 вработени со полно и со скратено работно време и пријавен приход од 3,4 милијарди долари во 2016 година.

Промовирани огласи »

Компанијата „Монделез“, која ги произведува чоколадите „Милка“, бара професионален дегустатор на чоколади. Работните обврски, според огласот, е да се пробува од чоколадите и да се даваат професионални оценки за вкусот. Работното време трае 7,5 часови дневно, три дена во седмицата. Нововработениот ќе има и 11 колеги соработници.

Кандидатите мора да бидат страствени љубители на слатки и да имаат истенчен вкус. Дегустаторот ќе ја има клучната улога во намерата на компанијата да создаде нов производ кој ќе се пласира на светскиот пазар, пишува во огласот. Работно искуство не е потребно.

Промовирани огласи »

Престижното списание “Forbes” ја објави листата на најбогати Македонци. Откако минал три години на тронот, Минчо Јорданов бил сменет од Јордан Камчев на местото најбогат Македонец.

Најбогат Македонец повеќе не е Минчо Јорданов. Престижниот економски магазин Forbes го рангираше Јордан Камчев како најбогат Македонец. Во овогодинешната листа на Forbes има рокади во топ петте најбогати бизнисмени од нашата земја.

Како што наведовме погоре, Јордан Камчев е најбогатиот Македонец. Во негова сопственост се компаниите Кара, Орка, Стопанска банка Битола, Бетон Штип, кои вредат 22,5 милиони евра. Познатиот македонски бизнисмен минатата година успеал да го зголеми капиталот за повеќе од три милиони евра.

Откако три години бил на тронот, Минчо Јорданов сега е вториот најбогат Македонец. Во негова сопственост се Макстил, Бетон и Факом. Овие компании “тежат” 22,5 милиони евра.

Причината за Јорданов да падне едно место подолу на листата е прилично тешката година за овој бизнисмен. За само една година, од 2014. до 2015. година, Макстил од својата вредност загубил 5,6 милиони евра. Причина за падот е ѝ забавувањето на кинеската економија, која е клучна во пазарот на челикот, но и санкциите на ЕУ кон Русија.

Forbes како трет најбогат Македонец го рангира Андреа Јосифовски. Тој е претседател на управниот одбор во “Макпетрол” и “Оилко” и во овие компании поседува акции во вредност од 20 милиони евра.

На четвртото место се нашол сопственикот на 74 проценти од контролниот пакет акции на Прилепската пивара. Станува збор за Сашо Самарџиски, а според Forbes овој македонски бизнисмен вреди 13,3 милиони евра.

Живко Мукаетов во 2015. година успеал да ја зголеми пазарната вредност на Алкалоид за 127 милиони евра, или за 20 проценти во однос на 2013. година. Тој се наоѓа на петтото место меѓу најбогатите од Македонија, а Forbes проценува дека вреди 9,8 милиони евра.

Според висината на остварените приходи, во топ 10 најуспешни компании од нашата земја се најдоа Џонсон Мети, со двојно поголем приход од второпласираниот ЕВН. Листата ја дополнуваат Окта, Макпетрол, ЕЛЕМ, ФЕНИ Индустри, Македонски Телеком, Лукоил, T-Mobile и Алкалоид.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »