Промовирани огласи »

Јавен повик за избор на најдобри бизнис планови и за започнување бизнис е објавен во рамки на Проектот финансиран од Европската унија насловен „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“.

Како што информираат од Фондација за Претприемачки сервис за млади, главна цел на проектот е да го фасилитира процесот на интеграција на младите луѓе од етничките малцинства во земјата, преку зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот. Целни групи се млади луѓе и жени од етничките малцинства од земјата, релевантни институции и организации кои работат на поддршка на жените и малцинствата, како и компании како потенцијални работодавачи.

Проектот е со времетраење од декември 2015 до август 2017 година. Право на учество имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години, а секој учесник има право да аплицира само со еден бизнис план. Со еден бизнис план може да учествуваат најмногу четири лица.

Услов за добивање на паричната награда е формирање на претпријатие. Претпријатието треба да се основа по завршување на натпреварот во рок од еден месец. Носителите на бизнис планот воедно мора да бидат основачи и сопственици на претпријатието, а за истото ќе треба да се приложи решение од Централен регистар за новорегистрирано претпријатие. Услов за учество е бизнис плановите да бидат изготвени согласно Урнекот за пишување на бизнис план (достапен на веб страницата http://www.pretpriemac.mk).

Ќе бидат наградени пет најдобри бизнис планови, секој од нив финансиран со најмногу 3.000 евра во денарска противредност. Средствата може да бидат искористени само за следните буџетски ставки: опрема, човечки ресурси, кирија за период од 01.05.2017 до 01.08.2017, комуналии, трошоци за регистрација на фирма, канцелариски материјали, истражување.

Секој добитник на награда ќе потпише договор со имплементаторите на проектот, каде ќе бидат предвидени условите и обврските на двете страни. Проектот ќе ја врши набавката на средствата, според однапред определниот буџет на добитниците на наградите и планот за набавка. Сите трошоци треба да бидат подмирени најдоцна до 01.08.2017. Оние трошоци кои ќе бидат направени по завршување на овој период, се сметаат за неважечки.

Апликантите треба да ги испратат бизнис плановите најдоцна до 05.03.2017 до 23:59 часот, на е-пошта: [email protected].

Информации во врска со критериумите за оценување и изборот на најдобри бизнис планови се достапни во Фондацијата за Претприемачки сервис за млади, [email protected].

Промовирани огласи »

Вистината е дека работодавачот очекува од самите кандидатите да имаат свои прашања за поставување, но исто така има многу теми кои никогаш не треба да се отвараат на интервју. За почетници, еве неколку можни теми кои би биле возбудливи за вас, но не би ве направиле омилени во очите на интервјуерот.

1. Колку често групата на работници излегува да се дружи?

Сосема е природно да се посакува работа во која што после работното време ќе излезете на пијалок. Како што знаете, вистината е дека вие поминувате повеќе време со колегите/колешките од работа отколку што поминувате време за дружење со другите луѓе во вашиот живот. Но да прашувате регрутер за вработување околу тоа што се случува после работното време, звучи дека на вас многу ве интересира забавата отколку работата. Треба да се грижите за културата, но прикажување тоа на ваков начин не ви донесува некое дополнително нешто, дури и ако тоа би било компанија позната по тоа што работниците одлично си поминуваат.

- На место тоа, препорачливо е да прашате: Би сакал да слушам повеќе околу фактот како овде групата работи заеднички, како би ја дефинирале културата на самата компанија?

2. Дали ја добив работата?

Добро, можеби не сте „глупи“ толку колку што звучи преку зборовите, но враќајки се назад на моите денови на регрутирање, би бил фасциниран од спременоста на луѓето да ми кажат: „Вие сте брилијантен!“ Но, еве што е работата: дури и кога мислите дека воспоставивте врска со интервјуерот, важно е да не имате очекувања од комплименти или гаранции во врска со тоа дека ќе продолжите во натамошната фаза на процесот.

- На место тоа, препорачливо е да се прашува: „Во еден идеален свет, што би требало да направи една личност кој би се нашла во ова позиција за да му помогне на својот менаџер?

3. Ако ова не успее, дали би ме сметале за некоја друга отворена работна позиција?

Често пати би ги повикал пак на интервју во врска со некоја отворена работна позиција поради фактот дека биле фантастични, но единствениот проблем е дека во тоа време не би се склопиле во побарерната улога. Има само една карактеристика која беше заедничка кај сите нив: Додека траеше интервјуто ниеден од нив не побара нешто од тоа. Поради фактот дека ме замолија да ги зачувам нив во нашата датабаза за некоја следна можна работна позиција, беше тешко за мене да замислам некое друго лице да ги принидува за друго интервју, затоа би ги сметал нив како можен кандидат со полно работно време во нашата компанија. 

Кажете нешто едноставно, како на пример: „Како долгогодишен обожавател на вашата организација, ми беше задоволство да се видам со вас денеска„.

Наоѓање на вистинските прашања за прашување додека трае едно интервју е тешко. Но, половина од битката е да се знае кои прашања да се одбегнуват. Значи, пред да започнете со прашување прашања кои доаѓаат од вашиот ум, бидете многу внимателни со впечатокот што саката да го оставите.

Промовирани огласи »

Центарот за вработување на Град Скопје денеска ќе потпише Меморандум за соработка со 11 здруженија од граѓанскиот сектор, во насока на економско јакнење на жената, поттикнување на женското лидерство и претприемништво и нивно зголемено вклучување на пазарот на труд.

Основна цел е поддршка на Оперативниот план за 2017 година и зголемено вклучување на жените во искористување на активните програми, мерки и услуги за вработување.

Меморандумот ќе го потпишат раководителката на Центарот за вработување на град Скопје, Слободанка Алексовска и претставници на 11-те здруженија на граѓани.

Промовирани огласи »

Многу од модерните компании работат во тимови лоцирани во различни држави ширум светот. Според HR експертите ваквото функционирање по одреден период претрпува одредени потешкотии кои се должат на временската разлика и различниот простор во кој се наоѓаат тимовите.
Токму поради ова е изведено мини истражување, во кое е дојдено до одредени совети како да се зближат луѓето во компании кои работат на голема географска далечина. Вакви компании се повеќе имаме и во Македонија, на пример странските инвестиции кои се се повеќе популарни изминативе неколку години.

Вработените во една фирма кои се илјадници километри оддалечени од главното седиште на компанијата може во некои моменти да не се чувствуваат како да се дел од таа компанија а уште помалку и дел од тимот. Немаат  можност да се дружат секојдневно со колегите, да си раскажат како го поминале викендот или пак да излезат на after work party со претпоставените. Можеби нема да верувате меѓутоа ова сериозно го загрозува степенот на посветеност и фокусираност на една личност.

Какви чекори превземаат светските компании за да направат своите вработени да се чувствуваат убаво и посветено дури и ако работат на голема далечина од своите колеги? Форбс ги издвојува следните:

1. Секогаш бидете во контакт со вашите колеги

Компаниите кои се соочуваат со ваков проблем применуваат модерна технологија која секојдневно ја користиме. Интернетот и телефонските врски се нашиот свет во мало и тие навистина многу помагаат за зближување во бизнис светот. Неделни skype конференции, социјални медиуми како секојдневна комуникација преку мејлови кои ќе ги информираат околу актуелните настани се само неколку од мерките кои се применуваат во големите компании ширум светот.

2.Однесувајте се интернационално

Ова вклучува осмислување на интернационален план за активностите кои ве очекуваат. Било да се тоа навистина важни состаноци или пак средби за зближување на тимот секогаш имајте во предвид дека можете да ги направите и надвор од државата. Така и вработените далеку од седиштето на компанијата ќе се почуствуваат изедначени и ќе отпатуваат до дестинацијата за состанок. Исто така присуствувајте заеднички на тренинзи или конференции надвор од вашата држава - тоа ја подигнува мотивираноста и го подобрува фокусот на вработените.

3. Поврзете ги со иднината на компанијата

Работењето на далечина ќе ја намали неговата различност со неколку внесувања на овие работници во идните планови на компанијата. Истите ќе се почувствуваат важни за одредени активности и ќе реагираат позитивно. Комапниите се менуваат со тек на времето и не знаете каде може да ве однесе само една интернационална идеа од ваш вработен на друг континент.

4. Задоволете ги нивните специфични бизнис потреби на локацијата на која се наоѓаат

Вработените кои се одвоени од главното седиште на компанијата се соочуваат со многу предизвици кои им ги задава нивната различна локација. На пример заради религиозни или пак култоролошки разлики можеби не се во иста можност како и другите вработени во комапнијата. Доколку размислите за ова можеби ќе го подобрите нивното внесување во компанијата и вашата компанија ќе се искачи еден степен погоре во поглед на грижа кон вработените која во модерниот бизнис свет изгра клучна улога за загарантиран успех.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »