Промовирани огласи »

Во 2016-та година 82.000 милионери ја напуштиле својата татковина и се преселија во друга земја, покажуваат податоците на „New World Wealth“, цитирани од „CNBC“. Нивниот број се зголемува значително од 2015-та година, 64.000 милионери ја напуштиле својата земја.

Земјите кои привлекуваат најмногу богаташи се Австралија, САД и Канада, следени од Нов Зеланд. Според истражувањето на организацијата во Австралија минатата година се преселија 11.000 милионери. САД ја избраа 10.000 милионери, а Канада – 8.000.

Земјите од кои бегаат најбогатите се Франција (12.000), Кина (9.000), Бразил (8.000), Индија (6.000) и Турција (6.000).

Традиционално, САД ги привлекува богатите луѓе, но во последните години Австралија успева да привлече повеќе милионери, особено од Индија и Кина, дополнува „CNN“. Зелениот континент се смета како сигурно мястго за одгледување на деца, со стабилен здравствена систем и е географски изолиран од кризите во Блискиот Исток и бегалскиот бран во Европа.

Во прилог е тоа што Австралија е и добро место за водење бизнис.

Според „New World Wealth“ всушност главната причина поради која милионерите ја напуштат земјата, е прво можноста за подобро образование за децата, а на следната – личната безбедност. Подобрата клима и здравствен систем се исто така фактори при изборот на новото место за живот.

Богаташите бегаат од Франција главно поради високите даноци, како и поради растечката тензија во земјата, покажува уште студијата.

Промовирани огласи »

Кинескиот сајт за продажба JD.com уште не промовираниот Nokia 8 го постави на својата веб страна со цена од 450 долари како и листа на спецификации иако досега смартфонот не е официјално претставен на јавноста.

Според JD.com новиот Nokia 8 ќе има 5.7 инчен Quad HD дисплеј, 24 мегапикселна главна камера, осум-јадрен Snapdragon 820 процесор и Android 7.0 Nougat оперативен систем. Зошто JD.com толку брза да го прикаже Nokia 8 навистина нема јасни детали, освен дека сака да продолжи да биде прв кој ќе ги продава новите смартфони на HMD GLobal како вистинскиот хит Nokia 6, па потоа да чека да го официјалниот пласман кој може да биде за неколку дена.

Секако вистински дебакл за JD.com ќе биде доколку Nokia 8 е само шпекулација и не биде наскоро промовиран, бидејќи досега се открија информации само за Nokia 3 и Nokia 5 кои ќе пристигнат на MWC 2017, но ќе бидат за основните класи со пониски цени.

Промовирани огласи »

Бројот на слободни работни места во Германија пораснал на над еден милион во последните три месеци од минатата година, покажува истражувањето на германскиот Институт за истражување на вработувањето (ИАБ).

Како што пренесува дописникот на МИА, од Берлин вкупниот број на слободни работни места од октомври до декември скокнал за 80 илјади што е рекордно ниво на побарување на пазарот на работна сила во најсилната европска економија.

Тоа е рекорд. Никогаш не сме виделе поголем број на слободни работни места претходно, изјави за германските медиуми истражувачот Александат Кубис, според кого, повеќе од половината работни места се во услужните дејности. Најмногу работници се бараат во здравствениот сектор и во фирмите кои што нудат грижа за постари лица а голема побарувачка има и за техничк и научен персонал.

Дел од мерките за намалување на побарувачка за работна сила во Германија федералните и покраинските агенции за вработување организираат специјални тренинг работилници за луѓе од членки на ЕУ како Унгарија, Романија, Бугарија, Грција и Шпанија каде што има огромно ниво на невработеност меѓу младите. Мерките вклучуваат и зголемување на платите поголемо од нивото на инфлација, бесплатни оброци, флексибилни работни услови и работно време како и тренинзи за постари лици.

Промовирани огласи »

Шведската софтверска компанија Crisp има 40 вработени, а ниту еден шеф или претпоставен, пишува BBC. Компанијата претходно користеше различни модели на лидерство, но од пред три години веќе нема ниту еден шеф кој ќе биде претпоставен на еден или група вработени.

Си рековме, што ќе се случи доколку немаме кого да назначиме за следен главен извршен директор, како ќе изгледа тоа? Потоа направивме вежба и направивме листа од сите активности што вообичаено ги прават овие одговорни лица, вели Јасал Сандмен, вработен во Crisp.

Во компанијата се одржуваат четиридневни состаноци за сите вработени два до три пати во годината. Во тој период, се разгледуваат и донесуваат одлуки што се важни за сите, а во текот на работата вработените се охрабрени сами да донесуваат одлуки.

Не постои класичен начин на казнување и барање одговорност, бидејќи овој начин на работа ги мотивира сите вработени повеќе да се залагаат и да преземаат одговорност. Дури и кога ќе дојде до некоја грешка, секој од колегите го изразува своето мислење и се обидува да им го објасни своето однесување.

Во оваа компанија никој на никого не му наредува што треба да работи, но не се толерира кога нешто нема да се заврши како што треба. Вработените се среќни што имаат ваков модел на управување, а тоа го покажуваат и редовните анкети за задоволство на персоналот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »