Промовирани огласи »

Станува збор за соработка со организацијата RED и борбата против СИДА. Компанијата со продажбата на сите уреди во црвена боја ги донираше сите пари, кои вкупно изнесуваат 130 милиони долари. Телефоните не се разликуваат од класичните седмици освен црвената боја, а ќе се продава со капацитет од 128 и 256GB.

За корисниците што планираат да го купат најмалиот и најевтиниот iPhone SE, од компанијата пристигна добра вест, зголемена е досегашната количина на меморија, така што во понудата за иста цена ќе бидат достапни модели со 32 и 128GB меморија.

Промовирани огласи »

Ким Скот е поранешна директорка на Apple и Google, а сега отворила фирма преку која нуди различни тренинзи и совети за директори на различни компании. Авторка е и на книгата „Radical Candor: Be a Kick-Ass Boss Without Losing Your Humanity“, а еден од најкорисните совети кои ги дава е како да ја извлечете потребната информација од вработениот.


Еден од проблемот при односот и комуникацијата со вработените е што тие на прашањето „Дали сѐ е во ред“ ќе одговорат дека сѐ е во ред, иако во реалноста работата е многу поразлична. Мислењето на вработените е исклучително важно, бидејќи токму нивното мислење може да ја кочи работата и развојот на фирмата.

Ким советува дека во такви ситуации треба да се примени правилото 6 секунди непријатна тишина – кога вработениот кажува дека нема проблем и сѐ е во ред, шефот би требало да молчи 6 секунди, кои ќе направат да изгледаат како да се многу подолго. Голема е веројатноста многу луѓе да не го издржат тој „тивок притисок“, па на крај ќе кажат што е проблемот и што е она што им пречи на работното место.

Промовирани огласи »

Една од најсреќните држави на светот, Данска, оваа недела го отплатила својот комплетен девизен долг по основа на обврзници, тежок 1,5 милијарди долари, ослободувајќи се прв пат во 183 години од сите должнички обврски во странска валута.
Како што пишува агенцијата Bloomberg, пред само четири децении кога била многу посиромашна, Данска се соочувала со девалвација и економско пропаѓање.

"Во раните 80-ти, Данска била таму каде што е сега Грција - во економска криза", рекол во телефонска изјава за Bloomberg Јенс Нервиг Педерсен, аналитичар во данската "A/S" банка, истакнувајќи дека "сега земјата е меѓу апсолутно најсилните со рекордно висок суфицит на тековната сметка и силни јавни финансии".

Од 19-от век, Данска се задолжувала во странство за да финансира сè - од војна против Германија, до изградба на железничка пруга. Дефицитот на државата растел толку брзо што во доцните 1970-ти и раните 1980-ти, Данска била принудена да ја девалвира националната валута, круната, за повторно да ја урамнотежи својата економија.

Официјален Копенхаген тогаш вовел режим на фиксен курс и преземал економски реформи со цел да ја преобрати Данска во бастион на стабилност со кредитен рејтинг "AAA", кој го држи и денес. Реформите опфатиле намалување на задолжувањето кај потрошувачите преку поскапување на цената на заемите.

Денес, Данска повеќе не мора да емитува должнички хартии во долари или евра, благодарение на своите огромни девизни резерви, кои ги користи за одбрана на вредноста на круната кон еврото. Нејзините девизни резерви од околу 467 милијарди круни (67 милијарди долари), сега се двојно поголеми отколку од пред 10 години.

Данската централна банка минатиот месец продала 4,7 милијарди круни за да ја ослабе домашната валута, откако политичките ризици поврзани со француските избори направиле странските инвеститори да побараат сигурност во данските активи.

"Nordea Bank AB" објавила дека политичките тензии во Франција би можеле да ја принудат Данска да посегне по уште поголеми интервенции од оние кои се преземени минатата година, за да се неутрализираат негативните влијанија од британското гласање за излегување од ЕУ.

Данската централна банка од март 2014-тата година нема потреба да се задолжува во странска валута, вели Ларс Мајланд Нилсен, шеф на канцеларијата за долг во централната банка, додавајќи дека државата во 2015-тата година се откажала од емисија на девизните обврзници и дека нема во план да излегува на девизниот пазар на долгот ни во 2016-тата година, пренесува Bloomberg.

Промовирани огласи »

Веќе ја објавивме листата на најбогати луѓе во светот, направена според Forbes. Интересно е тоа што 227 милијардери на листата се жени. Жените чинат 11% од оваа листа, а заедно заработуваат 852,8 милијарди долари.

Повеќето од најбогатите жени своите пари ги имаат наследено. Лилиен Бетенкорт е најбогата жена во светот со богатство од 39,5 милијарди долари. Втора е Алис Валтон, која има 33,8 милијарди долари, а по неа е Жаклин Марс, со богатство од 27 милијарди долари.

Жената која имала најголем успех во годината е Џина Рајнхарт, нејзиното богатство од 6,2 милијарди долари се зголеми на 15 милијарди, што ја направи најбогата личност во западна Австралија. Таа од банкрот ја доведе фирмата на татко ѝ до стабилна позиција.

Ова е листата на десетте најбогати жени во светот:

1. Лилиен Бетенкорт – 39,5 милијарди долари (L’Oreal)

2. Алис Волтон, 33,8 милијарди (Wal-Mart)

3. Жаклин Марс, 27 милијарди (Mars Inc чоколадите)

4. Нарија Франка Фисоло, 25,2 милијарди (Nutella)

5. Сузан Клејтен, 20,4 милијарди (BMW)

6. Лорен Пауел Џобс, 20 милијарди (Apple, Disney)

7. Џина Рајнхарт, 15 милиони (руда)

8. Абигејл Џонсон, 13,7 милијарди

9. Ајрис Финтбона, 13,7 милијарди (руда)

10. Беат Хејстер, 13,6 милијарди долари (супермаркети). 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »