Промовирани огласи »

Сојузот на стопански комори денеска заедно со претставници од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) ќе ги презентираат можностите за полесен пристап до финансии за компаниите раководени од жени.

На настанот најавено е присуство на жени менаџерки кои со помош на оваа програма користат средства од различни извори на финансирање и ја унапредиле својата дејност.

Од ССК посочуваат дека искуствата укажуваат оти за поуспешно водење бизнис во македонските компании и за нивна поголема конкуретност потребна е поголема информираност и експертиза, но и пристап до финансии.

Промовирани огласи »

Швајцарската Народна Банка ја доби престижната награда „Банкнота на годината“ за 2016 година, што веќе дванаесет години по ред ја доделува International Bank Note Society. Во конкуренција беа 120 нови банкноти издадени во светот минатата година, а повеќе од половина беа доволно добри за да се квалификуваат за номинација. Меѓу нив беше и македонската банкнота од 2.000 денари, која котираше доста високо меѓу жирито.

Швајцарската банкнота од 50 франци во најтесна конкуренција ги победи Малдиви, Аргентина и Шкотска.

На победничката банкнота од Швајцарија има дизајни од ветер и глуварче, планина и параглајдер, а беше промовирана лани во април, како прва во новата серија на која има сегменти од природата наместо ликови од познати жени и мажи. Швајцарија подготвува и нова банкнота од 20 франци, која ќе ја пушти во оптек следниот месец.

Претходната, 2015 година, на изборот на „Банкнота на годината“ победи Нов Зеланд со банкнота од 5 долари. 

2 илјадарката ретко кој ја видел

Македонската 2.000-ка ја номинирал членот на ИБНС, Овен Линцмајер.  Носечки мотив на предната страна е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи.

Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.

Банкотата од 2.000 денари, заедно со таа од 200 денари беа пуштени во оптек на 15 декември минатата година.

ИБНС е формирана во 1961 година и е непрофитна организација која има за цел да го унапредува знаењето за валутите и хартиите од вредност во светот. Има повеќе од 2000 членови. Изборот на Банкнота на годината почна во 2005 година.

Наградите ги добива онаа банкнота што најдобро ги има компонирано уметноста и безбедноста во тој лист хартија.

Британците бараат повлекување на фунти бидејќи содржат животинска маст

Интересни информации се поврзани со новата банкнота од 5 фунти, за која на крајот на минатата година беше откриено дека содржи животинско масло.

Ова предизвика бес кај вегетаријанците поради користење на животински масти и Банката на Англија сега бара начин да ги смири критиките и да најде друго решение.

Се размислува како замена за животинска маст да користи масло од палма, но тогаш би имало реакции од еколозите дека ја уништува природата и се сечат шумите, како и дека се врши злоупотреба на детскиот труд.

За повлекување на банкнотата и запирање на нејзино производство досега на петицијата се потпишаа 130.000 луѓе. Банката на Англија се спротивстави и одби да ја повлече банкнотата, а дури и најави нова од 10 фунти во септември годинава. Но Централната банка сепак побара да се најдат алтернативни материјали за изработка.

Извор - Фактор

Промовирани огласи »

Со големо задоволство Вип ја најавува новата услуга HBO GO со која корисниците имаат можност да ги гледаат омилените филмови и серии каде и да се низ Македонија. Оваа услуга овозможува следење на содржините преку интернет, и тоа преку компјутер/лаптоп, смартфон, таблет или smart TV на најмногу 5 уреди, но корисникот ќе може да биде најавен само на 2 уреда истовремено.

Услугата HBO GO е достапна со пакетот HBO Premium, кој покрај услугата HBO GO ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2 и HBO3. Пакетот HBO Premium е достапен за сите корисници на Vip Комбо, Vip Комбо Lite, Vip TV и Vip TV Lite, со месечна претплата од 299 денари.

Промотивно, HBO Premium пакетот е достапен без претплата во првите 3 месеци, за сите нови или обновени корисници на Vip Комбо и Vip Комбо Lite. Промоцијата важи ограничен период.

Услугата HBO GO е исто така достапна за активација како самостојна услуга, за следење на содржините преку интернет, за сите корисници на Vip Комбо и Vip Комбо Lite, за корисниците на други фиксни услуги, како и за Vip Постпејд корисниците (со Vip SIM-картичка), со претплата од 249 денари/месечно.

Повеќе информации за новата услуга можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Вип на  077 1234. 

Промовирани огласи »

Модерниот бизнис свет е брзо поле каде се повеќе ги забораваме нашите најблиски. Тука спаѓаат луѓето со кои треба да го поминеме целиот наш живот - животниот партнер и нашите деца, нашите родители, браќа и сестри. Впрочем се почесто се случува да заборавиме да се дружиме и до нашите најдобри пријатели и тие стануваат пријатели од минатото.

Овој синдром на одалечување е многу познат кај светските психолози и го нарекуваат синдром на модерното живеење.

Прочитајте како да најдете време за луѓето кои ви значат иако сте внесени длабоко во брзиот модерен бизнис свет.

Издвојте ги вашите вредности и интереси

Компаниите ги дефинираат нивните основни вредности, бидејќи тие обезбедуваат одлична рамка за изработка на сите видови на одлуки. На исти принцип добро е и вие да ја применувате оваа тактика. Добро е секој од нас да знае кои му се главните карактеристики и кон што се стреми - самостојно и како фамилија заедничи. Дали тоа е спорт, уметност, здрав живот или пак електроника од најмодерен тип - секое семејство

Издвојте ги вашите приоритети

Дали оваа недела е најважно да направите зголемена продажба а вашето дете има температура? Секако не, или пак еден од вашите родители има тешка болест, успорете го вашето темпо и посветете внимание на овие на кои најмногу им требате - секако направете приоритети, вашиот бизнис е еден од нив меѓутоа не заборавајте што всушност е животот.

Не избрзувајте со вашите одлуки

Оваа недела ќе работам 12 часови дневно - и тоа го кажувате пред целиот ваш тим. Не избрзувајте - договорете се сам со себе и направете план за работа - без контрола на вашите мисли се е потешко. Сконцентрирајте се и завршете го смисленото навреме.

Работете додека вашите семејни челнови спијат

Вака ќе заштедите на време - Вие ќе ја завршите вашата работа а вашето семејство ќе се одмори. Пото заедно ќе можете да го поминете остатокот од денот.- секако ова не го правете во доцните часови туку во текот на денот, секако и за вас е навистина важно да сте одморени.

Користете ја современата технологија

Со многу обврски се случува да заборавиме на обврските од нашиот живот - наместете потсетници за родендени во семејството, важни семејни собири или пак вечери. Исто така годишницата со вашата сопруга или сопруг. На сите нас ни се случило да заборавиме некој важен датум меѓутоа модерната технологија сега може да ни помогне.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »