Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Настанот е од отворен карактер и сте поканети сите.

#твитернагради се годишен настан кој оваа година ќе се одржи по петти пат по ред. Повелете да видиме кој ќе ги освои наградите оваа година. А во меѓувреме гласајте на нашиот сајт http://blokirame.mk/ 

Се гледаме на 10ти декември сабота во Кино Култура!

Промовирани огласи »

Еве неколку совети како успешно да барате нова работа додека сте на работа.

Може да ја сакате вашата работа или не, може да не ви се допаѓа поради вашиот шеф. Без оглед на причината вие сте одлучиле дека е време за нов работен предизвик во вашиот живот. Во совршениот свет, можете едноставно да дадете отказ и да заминете на одмор на Хаваи чекајќи ја работата од соништата. Но во реалноста работите се поинакви.

Самата потрага по ново работно место е стресна и одзема време, па за да најдете баланс помеѓу овие две работи искористете ги следниве совети:

Не зборувајте во јавност. Можеби чувствувате одговорност да го известите вашиот шеф дека сте во потрага по нова работа, но тој може да ви најде замена пред да го добиете новото работно место.

Не ја занемарувајте моменталната работа. Потрагата по нова работа одзема многу време и енергија, а тоа може лошо да се рефлектира на вашата сегашна работа. Затоа внимавајте како се однесувате доколку не сакате предвреме да добиете отказ.

Побарајте дискреција. Кога сте во потрага по нова работа побарајте дискреција од потенцијалниот работодавец, колку и да звучи чудно тие ќе ве разберат.

Останете позитивни. Не им давајте причина на луѓето да се сомневаат, а тоа подразбира да не обавувате телефонски разговори додека сте на работа, да не се облекувате премногу формално, ниту пак да користите долги паузи за ручек со цел да одите на закажаното интервју.

Не го користете работното време и ресурсите на компанијата. Потрагата по нова работа на работното место е непочитување на вашиот работодавец.Обезбедете се со пребарување за работни места пред и после работа, за време на викендот или за време на пауза.

Останете професионални. Информирањето на вашиот шеф и колеги може да биде најтешкиот дел од процесот. Тие може да се чувствуваат тажно или предадени, но како ќе се справите со објавувањето на веста ќе направи разлика помеѓу напуштање во висок стил и затворена врата засекогаш.

Понудете се да помогнете во наоѓање на вашата замена и доколку е потребно и нејзино обучување.

Со ова може нема да ги усреќите премногу ,но ќе го почитуваат вашиот професионализам.

Промовирани огласи »

Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“ Коалиција СЕГА со  Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство организираат натпревар за изработка на мобилна апликација за веб страната www.mladi.ams.mk .

Наградниот Фонд за најдобрата апликација изнесува 500 евра во денарска противвредност, и право на учество имаат тимови со максимум 3 членови - сите студенти на еден од државните или приватните универзитети во Р. Македонија.

Тимовите ќе имаат за задача да подготват мобилна апликација која ќе ги прикажува содржините кои се наоѓаат на сајтот www.mladi.ams.mk и која ќе работи минимум на Андроид платформа.

Критериуми за учество:

  • Тимови од максимум 3 студенти на возраст од 18 до 25 години.
  • Сите членови на тимот мора да се студенти на еден од државните или приватните Универзитети во Р. Македонија.

Пријавете го Вашиот тим најдоцна до 19 декември 2016 година до 16.00 часот на следниов линк.

Коалиција СЕГА во соработка со АМС и ФИНКИ ќе организираат претставување на на натпреварот во Амфитеатарот на ФИНКИ на ден 21.12.2016 година за сите пријавени тимови. На презентацијата тимовите за учество на натпреварот ќе добијат повеќе информации за барањата, критериумите и условите за учество, како и за основните функционалности на постоечкиот сајт  mladi.ams.mk.

Организаторот ќе ги обезбеди потребните сервиси од кои мобилната апликација ќе ги вчитува информациите.

Апликациите на учесниците на натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на ФИНКИ,  еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.

Критериумите за евалуацијата се:

  • Функционалност на апликацијата - да интегрира што повеќе функции што веќе постојат на www.mladi.ams.mk
  • Да работи минимум на Андроид платформа
  • Да биде лесно екстензибилна
  • Добар визуелен изглед на мобилната апликација
  • Перформанси на апликацијата

Презентацијата на сите апликации и прогласувањето на најдобрата ќе се одржи во Амфитеатарот на ФИНКИ во текот на месец февруари 2017 година, со дополнително известување за точниот термин.

Сите прашања поврзани со натпреварот може да ги поставите на следнава e-mail адреса: [email protected] или [email protected] .

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни, и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество. 

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »