Промовирани огласи »

Ако секој понеделник без волја одите на работа, има техники со помош на кои работите ќе се сменат. 

Истражување на  Galup во 140 земји покажува дека само 13% од испитаниците се задоволни од својата работа. 63% се рамнодушни, а 24% ја мразат својата работа. 

Обично луѓето не ја сакаат работата која не е поврзана со нивната струка, но тоа и не мора да биде причина некоја професија да ја мразите. 

Работата не е само професија и услови, туку и опкружувањето кое го имате околу себе. 

Работата можеби веќе ви станала рутина, можеби имате многу задачи, можеби е до амбиентот или сте многу амбициозни. 

Затоа стекнете навики кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро. 

Усовршете се за да заработувате повеќе и да добиете покачување. 

Научете да разликувате успех од среќа. 

На работа сменете го она што не ви се допаѓа. 

Многу работи зависат и од тоа како фирмата ги мотивира вработените. 

Платата не е единствен начин на мотивација, туку и да се донесуваат одлуки, да се даваат предлози, работникот да добие некаква важна улога во компанијата. 

Промовирани огласи »

Резидентите можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари до 10.000 евра.

Според информациите од Царинската управа, за да внесуваат 10.000 евра и повеќе, треба при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.

Нерезидентите можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.

Тие можат во државата да внесуваат ефективни странски пари и чекови од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на границата кај царинските органи го пријават износот што го внесуваат.

Резидентите можат да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови до 2.000 евра. Тие смеат да изнесат ефективни странски пари и чекови во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај царинските органи го пријават износот.

Ефективните странски пари резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи од сопствена девизна сметка.

Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.

Промовирани огласи »

Во Македонија луѓето кои работат во воздухопловен транспорт имаат највисоки плати и заработуваат плата од 58.201 денари. 

Зад нив се оние од секторот компјутерско програмирање со 55.468 денари, трети се вработените во телекомуникации со 55.366 денари. Подолу на листата се финансиски услужни дејности со 41.013 денари, осигурување, реосигурување и пензиски фондови со 38.277 денари. 

Најниски плати земаат луѓето во трговија, преработувачка индустрија, земјоделство и ред други сектори кои со години се слабо платени. 

Државниот завод за статистика вчера објави дека нето платите во април 2017 година споредено со истиот месец претходната година се поголеми за 1,4%. 

Просечната нето плата во Македонија изнесува 22.672 денари. Од вработените во земјава 0.9% останале без својот личен доход во април.

Промовирани огласи »

Германка и Холанѓанин направија оаза во Србија, така што во околината на Шабац произведуваат храна и имаат биодинамичка фарма. 

Овие доселеници освен нивните две деца на село одгледуваат и тикви, јагоди, сливи, салата и друго. 

Во бајковитото село Јаловик, ова семејство живее во скромна селска куќа. 

Луѓето се добри, знаат дека не можеме сами да стигнеме да сработиме на фармата и ни помагаат. И воспитувачката од градинка доаѓа и го зема девојчето - вели Вивиен Шајдлер. 

Имаат 17 хектари земја и очекуваат фармата наскоро да биде економски независна и велат тоа е сон на секој фармер. За да успее една биодинамична фарма велат дека е најважно околината да има потенцијал. Германката во 2004 година дошла во Србија како волонтер, следела курс за биодинамика, работела во продавници за органска храна, а во 2008 година решила да се досели во селото и да почне со сопствена фарма. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »