За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Нејзин основач е Др. Миодраг Стојановски, а денеска компанијата ја води дипл.ел.инг. Оливера Стојановска. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме...
повеќе за компанијата »МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен увозник на италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија, вработува пет (5) Стручни соработници (м/ж) – дипломирани фармацевти, со или без искуство.
Целта е промовирање на производите на ЕСИ срл од Италија, производител на додатоци во исхраната – хербални производи, корисни за добросотојба на здравјето.
- Од кандидатите се очекува да се подготвени за учење и работа.
- Се работи на територија на цела Македонија.
- Потребно е кандидатите да имаат возачка дозвола и возачко искуство.
- Локацијата на седиштето е во Ѓорче Петров.
Одговорности:
• Спроведување на предвидените маркетинг активности со посета на лекари и фармацевти со цел промоција, презентација и продажба на производите од ЕСИ
• Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и нејзините производи
• Поднесување на писмени извештаи за извршените посети
• Остварување на предвидениот план за продажба
Компанијата ќе ви овозможи:
- Привлечна почетна плата и брзо напредување
- Редовна исплата на К-15
- Службено возило за потребите на работата
За аплицирање на конкурсот потребно е да испратите:
- резиме (кратка биографија) со фотографија,
и по можност
- мотивациско писмо,
- уверение за завршено соодветно образование, како и
- копија од возачка дозвола
најдоцна до 01.04.2024 година на маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат условите.