Дигитално- софтверски генијалец во областа на маркетинг и продажба

Иновативен софтверски производ  кој отвора нов сегмент на пазарот бара соодветен кандидат од областа на маркетинг и продажба, кој ќе има за задача да осмисли функционална софтверско- продажна кампања, вклучувајќи ги веќе постоечките класични модели на продажба преку телефонски повици и презентации, се со цел освојување на пазарот во 2017 година.

Нашата софтверска компанија е основана во 2005 година, но иако сме веќе долги години на пазарот постојано ги слушаме барањата на нашите потрошувачи, ги унапредуваме веќе постоечките како и тежнееме кон создавање на нови дистрибутивни производи. Работиме во Обединетото Кралство (од 2005 год.), Хрватска (од 2009), Македонија (од 2009), Босна и Херцеговина (од 2011) и Србија (од 2015). Во 2017 година, нашата мисија и визија е успешно да пристапиме и да освоиме нов пазар.

Од вас, Драги Кандидати, ги очекуваме истите работи како и сите останати работодавци на пазарот на трудот. Посебно го цениме и бараме вашето иновативно размислување, употреба на логика, способност за иновативна и класична продажба.

Покрај вашето стандардно CV  (во PDF-формат)  кое ќе треба да ни го испратите, пратете ни и едно писмо (исто во PDF формат), во кое би сакале да ни објасните кој е вашиот мотив за оваа работна позиција и зошто би биле Вие нашиот нов софтверски генијалец со успешна продажба. Овие податоци , испратете ни ги на следнава е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »