Оператор на мостни дигалки – кранови, во Погон за производствo

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Цементарница УСЈЕ АД Скопје:

Production engineer

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

 

1. Оператор на мостни дигалки – кранови, во Погон за производствo

Операторот на мостни дигалки управува со мостните дигалки при што обезбедува непречен прием на суровини, навремено полнење на бункерите за суровини при што внимава да не дојде до мешање на истите. Учествува во активностите на прием и истовар на суровините кои пристигнуваат по железнички пат. Редовно води записи за состојбата на опремата во соодветните дневни извештаи. Ја следи состојбата на опремата и редовно известува за состојбата на истата до своите претпоставени и учествува во во ремонтни активности на опремата. Работата се одвива во три смени. Платата за работното место во нето износ е од 18.800,00 денари.

 

Потребни квалификации:

  • IV степен стручна подготовка (машински техничар, електро техничар или хемиски техничар)
  • Поседување на лиценца за работа на мостни дигалки
  • Претходно работно искуство од 1-5 години ќе се смета за предност

 

Конкурентски предности за сите позиции:

Желба за работа во средина со високи барања

Одлични аналитички и, комуникациски и организаторски спосбности

Динамичност, ефективност и ефикасност

Флексибилност и адаптибилност

Посветеност, мотивираност, иницијативност

Тимска работа и кооперативност

Решавање на проблеми

      

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:  

1.    Мотивациско писмо

2.    Биографија (CV)

3.    Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

 

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

 

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје,

http://www.usje.com.mk

 каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

 

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »