Администратор за човечки ресурси

За компанијата: Day Care е решение за сета помош која е потребна за грижа на семејството и одржување на домот. Day Care нуди врвен квалитет во обезбедување на услуги за: - грижа за деца - дадилки и бебиситерки, -... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 4.2017
  • Day Care
  • Активен до 12.05.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.daycare.com.mk

(преземи го огласот како слика)

Дејноста на компанијата Day Care е давање на професионални услуги за грижа и нега на деца, грижа и нега на возрасни лица и одржување на домаќинства за потребите на своите клиенти, односно семејствата во град Скопје.

Компанијата има потреба од следната работна позиција:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Опис на работно место
:

  • Асистенција при процесот на регрутација и селекција  на кандидати
  • Ажурирање на базата на финалните кандидати
  • Прием на дојдовни телефонски повици и презентирање на принципите на работа на компанијата
  • Примање на барања од клиенти и изготвување на понуди на клиенти
  • Организирање на состаноци со клиенти и потенцијални кандидати
  • Комуникација со предложените кандидати заради решавање на евентуални спорни ситуации околу нивниот работен статус
  • Комуникација со клиентите заради проверка на успешното обавување на работењето на кандидатите
  • Следење на правни регулативи потребни за работата на компанијата
  • Административно работење

 

Потребни квалификации:

  • ВСС - за предност ќе се смета факултет од областа на психологија или социјална работа и политика;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Добро познавање на MS Office пакетот;

 

Лични карактеристики, вештини и спосособности:

  • Динамична  личност со изразени комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
  • Професионалност и дискретност;
  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
  • Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
  • Способност за тимска работа;

 

Работно време за оваа работна позиција е од Понеделник до Петок од 8.30 ч. до 16.30 ч.

Ситe заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите професионални биографии на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] .

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 10/05/2017.

Дискрецијата на сите кандидати е загарантирана и пристигнатите апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »