Оператор (одгледувач) во Култивација во Фармацевтска индустрија

За компанијата: Охрид Органикс е компанија за медицински канабис со мисија да го подобри квалитетот на животот на поединците кои се соочуваат со здравствени предизвици. Нашиот најсовремен капацитет за одгледување се наоѓа... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред еден месец
  • Охрид Органикс
  • Активен до 28.03.2024
  • Позиција: Оператор во производство/машина
  • Локација: Охрид
  • Веб: ohridorganics.com

Оператор (одгледувач) во Култивација во Фармацевтска индустрија

Работни задачи и одговорности:

  • Активно учество во процесот на садење, клонирање, вегетативна и цветна фаза на одгледување на растенијата;
  • Активно учество во процесите на кастрење, топирање, прихрана и подготовка на процесот за берба на растенијата;
  • Активно учество во процесот на берба на канабис според стандардни оперативни постапки во согласност со добрите практики за земјоделско производство и безбедност и здравје при работа;
  • Дневна проверка на здравјето на растенијата и навремено информирање на претпоставените доколку се забележат несообразности;
  • Дневна евиденција на активностите во записи и дневници за евиденција;
  • Одржување на хигиена на просториите и опремата за процесот на одгледување.

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование ССС (средна стручна спрема);
  • Посветеност во работата и подготвеност за учење на нови техники на одгледување;
  • Следење и почитување на стандардни оперативни постапки и упатства за работа;

При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција проследен со тестирања и интервјуа.

      Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »