Дигитален графички дизајнер

Иновативно-софтверски Web производи имаат потреба од графички дизајнер, кој ќе ги надополни со модерен изглед, ќе ги направи едноставни и достапни за користење како и  впечатливи на око и изглед. Вашата работна задача ќе биде компонирана и тесно поврзана со делот на маркетинг и продажба,  преку класични телефонски повици и презентации, односно освојување на нов пазар во 2017 година.

Нашата софтверска компанија е основана во 2005 година, но иако сме веќе долги години на пазарот постојано ги слушаме нашите потрошувачи, ги унапредуваме веќе постоечките како и тежнееме кон создавање на нови дистрибутивни производи. Работиме во Обединетото Кралство (2005 год.), Хрватска (2009), Македонија (2009), Босна и Херцеговина (2011) и Србија (2017). Во 2017 година планираме успешно да пристапиме кон освојување на  нов пазар.

Од вас, Драги Кандидати, ги очекуваме истите работи како и сите останати работодавци на пазарот на трудот. Освен тоа, посебно го цениме и бараме вашето иновативно размислување, употреба и користење на логика и способност за статички и видео графички дизајн.

Покрај вашето стандардно CV (во PDF формат), пратете ни ваш пример од еден или повеќе Ваши сопствени трудови кои Нас би не импресионирале и поттикнале да ве повикаме баш Вас на разговор. Вашите податоци испратетени ги на следнава е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »